10 музеи кои можете да ги истражувате без да го напуштите вашиот дом

Сподели

6. Националната галерија на модерна уметност во Индија

rnПосакувате да знаете нешто повеќе за индиската уметност? Виртуелната тура низ овој музеј е одлична можност да се запознаете со комплетно различна култура. Галеријата не е дом само на дела од индиски уметници, туку и на слики од европски мајстори кои работеле во Индија. Често споредувана со Фрида Кало, индиската сликарка Амрита Шер-Гил дефинитивно го заслужува вашето внимание.rn

Реклама

7. Галеријата Уфизи во Фиренца

rnДенес ова е најпосетуваниот музеј во Италија. Вие едноставно со часови можете да гледате во ремек-делото на Сандро Ботичели – „Раѓањето на Венера“. Заедно со многу други ремек-дела, оваа галерија е дом на славни слики како „Благовештението“ и „Обложувањето на мудреците“ од Леонардо да Винчи, „Флора“ од Тицијан и „Музикалниот Ангел“ од Росо Фиорентино.rn

8. Музејот на Ван Гог

rnАко ви се допаѓаат холандските пост-импресионистички слики, овој музеј е токму тоа што ви треба. Патем, во овој музеј нема да ги најдете само сликите и цртежите на Винсент ван Гог (како што се „Сончогледи“, „Јадачите на компири“ и „Спалната соба во Арл“) туку и дела на негови пријатели и современици, како на пример, Пабло Пикасо и Пол Гоген.rn

9. Музејот Реина Софија

rnОва не е само неверојатен музеј, туку и библиотека со многу книги. Галеријата е дом на најважните слики од авангардниот уметник Хуан Грис („Шишето од Анис дел Моно“, „Отворениот прозорец“ и „Виолина и гитара“). Сепак најважниот експонат во музејот сѐ уште е „Герника“ од Пабло Пикасо.rn

10. Тејт Британија

rnОвде можете да научите скоро сѐ за британската уметност. Тејт Британија е музејот каде што се чуваат британските уметнички дела од 14-от век, па до денес. Направете виртуелна тура и видете ги делата „Офелија“ од Сер Џон Еверет Милајс, „Ноктурно“ од Џејмс Вислер и „Снежна бура“ од Вилијам Тарнер.

Популарно

Може ќе ве интересира