Воз „дух“ патува низ Канада
Младиот и талентиран фотограф Џеф Фризен направил проект наречен „The Canadian: Ghost Train Crossing Canada“ во којшто преку фотографии ни го претставува патот на еден воз низ Канада. Но, како и секогаш, и тука има еден мал неочекуван пресврт.
„Јас го возам возот, а не тој мене. Можам слободно да кажам дека го собира во торба за пазарење,“ вели Фрисен.
Оваа уникатна серија на фотографии ни ја покажува пространата, разновидна и прекрасна страна на Канада исполнета со слатки и магични пејзажи. На прв поглед ќе бидете убедени дека станува збор за вистински воз, но всушност на овие фотографии можеме да го доживееме светот онаков каков што изгледа за најмалите животни и инсекти околу нас. Уживајте во возењето!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.