Колку високо може да скокне мачка?
Мачките, заедно со кучињата се најчуваните домашни миленичиња. Се верува дека мачките кои денеска ги чуваме се потомци на дивите африкански мачки. Не може да се утврди кога точно мачките почнале да живеат во близина на луѓето и да стануваат питоми, но се верува дека тоа се случило помеѓу 8 000 и 3 500 година пред нашата ера. Постојат многу видови домашни мачки, а секоја е специфична на свој начин. Ова се неколку опши фати за овие слатки миленичиња.
Мачките имаат по пет прсти на предните шепи, а на задните по четири.
Тие не можат да си гледаат под носот, па токму затоа некогаш не можат да ја видат храната под нив.
Мачките можат да скокнат во висина, седум пати колку што се долги.
Бремени се од 58 до 65 дена.
Кога се добро чувани, мачките можат да живеат и до 20 години. Просечен животен век на една мачка е 14 години.
Не можат да вкусат благо.
Мачките мораат да имаат масти во исхраната, бидејќи самите не ги произведуваат.
Доколку вашиот мачор е црно-портокалов, тогаш тој е стерилен.
Во древен Египет убивањето мачка се казнувало со смрт.
Мачката може да помине 5 часа од денот лижејќи се.
Во просек тие имаат по 24 мустаќи.
Среќна мачка се движи со опашот исправен нагоре.
Скоро 10% од коските на мачката се наоѓаат во опашката, со која впрочем таа одржува баланс.
Чоколадото за готвење е многу опасно по здравјето на мачките.
Научно е докажано дека галењето мачка може да ви го намали крвниот притисок.
Мачка може да почне да се пари кога е на возраст од 5 до 9 месеци.
Мачор може да почне да се пари кога е на возраст од 7 до 10 месеци.
Малите мачиња остануваат со мајката сè до деветтата недела.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
znachi mackite ne se bremeni nego smacni WTF