Метросексуалец:
1. Маж кој е стрејт, излегува со девојки, но обрнува големо внимание на својот надворешен изглед.
2. Метросексуалец е неологизам кој се користи за да се опише маж (најчесто припадник на модерно, урбано и капиталистичко општество), кој троши многу пари и време на шопинг и грижа за својот изглед.
Според многу дефиниции, тоа е значењето на овој релативно нов поим. Живеам во 21-ви век, знам до каде се движат работите со овие нови сексуални правци (иако понекогаш навистина посакувам да не знаев), ама сè нешто не ми штима. Наречете ме старомодна, сепак еве ќе речам, мажот би требало да наликува на маж.Како прво и основно, половите разлики ПОСТОЈАТ. Да не се лажеме, не можеме целосно да сме еднакви кога клучната основа ни е различна – се делиме на машки и женски пол. ДА, во 21-век жената не смее да биде омаловажувана поради тоа што е жена, жената не смее да ја доживува кујната како своја канцеларија и единствено место каде припаѓа, стоп – друга тема на муабет… Ама ајде луѓе, да бидеме искрени кон самите себе, постои одредена слика за женственост и друга слика за она што БИ ТРЕБАЛО да претставува МАШКИ ПОЛ. Сите тие метросексуалци ми наликуваат на хомосексуалци кои сè уште не се откриле…
Како може дечко ти да поминува повеќе време пред огледало од тебе? Да ти позајмува пудра за лице или кармин и да си делите ист лосион за тело со мирис на ванила. Што е следно, заедно ќе си го диплите розовиот долен веш и ќе се договарате на која страна да си ги наместите шишките? Не станува збор за полова еднаквост или каде треба да е жената, а каде мажот. Работата е што навистина, некои работи се ЖЕНСКИ.
Не дека ние жените сакаме мажи кои наликуваат на неандeрталци и влегуваат под туш два пати годишно, плус за празници (ама само за некои поважни), сепак некоја граница МОРА да постои. Јас сега сакам да ве прашам нешто: Што всушност е вистински маж? Пцуе, не ја почитува својата девојка/жена, „глава“ е во куќата (а со глава не размислува), прди (извинете на зборов), жрдига и пие додека гледа фудбал…? Ама како што се изместија сфаќањата за тоа што навистина преставува една дама, баш така се измести и перцепцијата за тоа што е вистински маж. Луѓето одат во крајности, мисли дека докажува оти е вистински маж со тоа што прави сè од она што го наведов три реда погоре, а не сфаќа дека така повеќе наликува на животно. Од друга страна, ниту целосно спротивното од тоа (демек метросексуалноста), мене не ми се совпаѓа со она што би требало да биде отсликување на поимот „вистински маж“.
И пак ќе ви дозволам да ме наречете старомодна и со назадни сфаќања, ама не знам што е секси во маж кој си нанесува маска за лице секој вторник навечер и прчи усни кога се слика? Изгледа јас сум во некоја илузија. Изгледа девојките како мене кои сакаат силни момци кои би се степале заради тебе, а не заради најнова марка облека, не се во тек со новото време. Да, мора да сме многу заостанати штом сакаме машки…. со карактеристики на машки. Големи силни момци, кои сфаќаат дека појавата да имаш влакна на телото не е болест (значи ти си маж, не мора во кожата да бидеш мазен како бебешко газе), кои знаат до која мера би требало да бидат „опседнати“ со својот надворешен изглед…
Не чинело да одиш контра со времево, демек на многу ладно време да не пиеме многу топли напивки. Сè што можам да кажам е тоа дека некои правила постојат за да не се почитуваат. Кој што сака нека каже, ама нема нешто подобро од жешко кафе додека надвор завејува снег… Ќе престанам овде, станувам многу поетски настроена.
До следното читање,
Вашата Ели.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

