Десет страшни, но безопасни здравствени симптоми

Десет страшни, но безопасни здравствени симптоми

Ако ги пребарувате на Интернет причините за секој грч или модринка што ќе ги добиете, постои голема можност да се убедите дека имате сериозни здравствени проблеми. Затоа докторите ви ги откриваат најчестите симптоми кои вам ви изгледаат страшни, но се сосема безопасни.

Десет страшни, но безопасни симптоми

1. Крцкање на зглобовите

Истегнувањето на телото и пешачењето може да предизвикаат крцкање на колената, рамената или грбот. Таквиот звук можеби звучи страшно, но најчесто не се работи за нешто посериозно. Всушност, крцкањето на зглобовите може да се јави како производ на гас. Течноста помеѓу зглобовите која делува како лубрикант содржи гасови како кислород, јаглерод диоксид и азот. Притисокот при движењето на зглобовите предизвикува меурчињата да се распрснат во течноста и притоа создаваат звук на крцкање или потпукнување.

Консултирајте се со доктор ако: крцкањето на зглобовите предизвикува болка или е пропратено со други звуци.

2. Потемнети нокти на нозете

Долгото трчање во чевли кои не се соодветни за вашите стапала предизвикува удирање на прстите на нозете од врвот на чевлата, правејќи ги ноктите застршувачки црни. Иако изгледа опасно, сепак потемнетите нокти се резултат на модринките настанати од внатрешно крварење под ноктот. Секој чекор само го зголемува количеството на крв под ноктот и заради тоа оваа појава не е опасна, но може да биде многу болна.

Консултирајте се со доктор ако: се појави оток или црвенило околу потемнетиот нокт што може да биде знак за инфекција.

Десет страшни, но безопасни симптоми

3. Тресење на мускулите додека вежбате

Новите вежби или зголемувањето на интензитетот на вежбањето може да предизвика тресење на мускулите. Но тоа не е опасно затоа што тресењето всушност значи синхронизирање на мускулните влакна. Не сите мускулни влакна реагираат во исто време. Дел од нив мируваат додека другите се активни и обратно. Тресењето се јавува кога мускулот се доближува до својата граница и се активни многу малку мускулни влакна за да се овозможи негово непречено движење. Освен тоа, дехидратацијата може исто така да предизвика тресење на мускулите.

Консултирајте се со доктор ако: освен тресењето на мускулите се појават и болки или вртоглавица.

4. Треперење на очните капаци

Спонтаното и неконтролирано треперење на очните капаци уште е познато како миокимија. Тоа најчесто е резултат на стрес, замор или недостаток на сон. Честата употреба на кофеин и алкохол, долгиот временски период поминат пред компјутер и несоодветните очила исто така може да предизвикаат треперење на очните капаци.

Консултирајте се со доктор ако: треперењето на очните капаци е проследено со целосен грч на лицето што може да укажува на некое невролошко нарушување.

Десет страшни, но безопасни симптоми

5. Бенки и слични кожни израстоци

Малите израстоци на кожата насекаде по телото се всушност мали бенигни тумори. Тие најчесто се наследуваат генетски и не се опасни. И мажите и жените се подеднакво предиспонирани да се здобијат со вакви израстоци, иако кај жените дебелината и бременоста ги зголемуваат шансите за развој на бенки.

Консултирајте се со доктор ако: забележите ненадеен осип по целото тело или по одреден дел од телото.

6. Треперење на рацете

Ако забележите дека раката ви трепери додека се обидувате да се напиете чаша вода, не паничете. Најверојатно се работи за состојбата позната како неопходно треперење. Ваквото треперење е безопасно и не е поврзано со никакви други невролошки симптоми. Обично се јавува кога држите нож или виљушка, за разлика од Паркинсоновото треперење кое се јавува кога рацете се во опуштена состојба. Адреналинот го поттикнува неопходното треперење па затоа возбудата и лутината може само да ги влошат симптомите.

Консултирајте се со доктор ако: треперењето почне да се јавува почесто и ако е проследено со други невролошки симптоми, како на пример, промени во говорот.

Десет страшни, но безопасни симптоми

7. Вертикални линии на ноктите

Малите испакнати линии кои се протегаат од коренот до врвот на ноктите на рацете се слични на брчките на лицето. Тие се предизвикани од старост и не се знак на некаква медицинска состојба. Познати се уште како „кршливи нокти“ заради вертикалните линии кои ги зголемуваат шансите за кршење на ноктите.

Консултирајте се со доктор ако: линиите на ноктите се хоризонтални, во различни бои или искривени, што може да биде симптом за нешто посериозно.

8. Заматување на видот

Појавата на точки кои лебдат пред вашите очи почесто се јавува кај кусогледите луѓе и обично не се смета за опасна. Лебдечките точки и стаклести тели се предизвикани од промените кои настануваат заради стареењето на очите. Стаклестиот дел од окото се собира и се згуснува поради што се појавуваат точки, линии, пајажини или кругови кои го заматуваат видот.

Консултирајте се со доктор ако: видот ви се замати неколку пати за краток временски период или ако ви се појават сенки пред очите.

Десет страшни, но безопасни симптоми

9. Пукнати капилари во очите

Пукнатите капилари кои се појавуваат како црвена мрежа во белката на окото не се опасни, освен ако не се појавуваат често. Силното триење на очите, силното кивање и запекот се најчести причини за пукање на крвните садови во окото. Антикоагулансите и големото количество на Омега 3 масните киселини може исто така да предизвикаат пукнати крвни садови.

Консултирајте се со доктор ако: крвните садови во окото прскаат почесто затоа што тоа би можело да биде симптом кој укажува на неконтролирана хипертензија.

10. Зимско крвавење од носот

Иако крвавењето од носот изгледа застрашувачко, најчесто нема место за паника. Носот содржи многу крвни садови кои лесно крвават. Зимскиот студ и сувиот воздух кои минуваат низ носот ги стеснуваат крвните садови што доведува до нивно пукање. Освен тоа, средствата за разредување на крвта и аспиринот може исто така само да го влошат крвавењето.

Консултирајте се со доктор ако: крвавењето е обилно и се повторува повеќе од една недела.

Десет страшни, но безопасни симптоми

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. лалала Reply

    Консултирајте се со доктор ако: линиите на ноктите се хоризонтални, во различни бои или искривени, што може да биде симптом за нешто посериозно. А што тоа посериозно ?? Јас имам кафеава хоризонтална линија на еден нокт !!

Остави коментар