Интересни идеи за фризури со пунџа

Интересни идеи за фризури со пунџа

Одраз на женственост, опуштен стил, мода или елеганција… со фризура со пунџа може да постигнете каков било ефект. Совршени речиси за секаква должина на вашата коса и за секаква пригода, се чини дека пунџите не излегуваат од мода. Еве некои интересни идеи за фризури кои би можеле да ги примените.

Инстантен гламур

Оваа фризура е лесен и едноставен начин да изгледате свечено и гламурозно, без да трошите многу пари и време по фризерски салони. Извиткајте ја косата во локни, потоа врзете ја позади едното уво и извртете ги краевите околу со цел да формирате пунџа. Зацврстете ја фризурата со лак и додадете украс за коса ако сакате повеќе женственост.

Интересни идеи за фризури со пунџа

Ниска пунџа без многу напор

Неуредна, склона кон флерт и многу секси, така би ја опишале оваа фризура. Врзете ја косата во ниско коњско опавче, но оставете да биде несовршена. Истапирајте ја со цел да создадете неуреден изглед, и извртувајте големи прамени коса прицврстувајќи ги со шноли, но оставете ги во долниот дел, не ја кревајте пунџата високо.Интересни идеи за фризури со пунџа

Пунџа со чорап

Погледнете како актерката Рис Витерспун го изведе овој едноставен и софистициран изглед. Ваквата фризура е одличен начин за додавање волумен на тенката коса. Измијте ја и исушете ја косата, потоа врзете ја во високо коњско опавче. Откако ќе ги исечете врвовите на еден чорап, извртете го во форма на крофна. Врвот на коњското опавче вметнете го низ средината на чорапот, и вртете го надолу распоредувајќи ја косата еднакво на сите страни.Интересни идеи за фризури со пунџа

Пунџа настрана

За да креирате ваков изглед, искористете производ кој ù дава волумен на косата, врзете ја во ниско опавче на една страна и извртете ги краевите.Интересни идеи за фризури со пунџа

Лесно и гламурозно

Наведнете се со главата надолу и исчеткајте ја косата, па врзете ја во опавче, но не ја врзувајте многу цврсто. Извртете ја косата и прицврстете ги краевите. Оставете неколку прамени да паднат надолу.Интересни идеи за фризури со пунџа

Впечатлива пунџа

Може да се вклопи и во формална и во неформална пригода. Внимателно исчеткајте ја косата од сите страни и врзете ја во опавче на врвот на главата. Додека ја врзувате косата, може да додадете серум за да остане мазна. Извртете ја косата и прицврстете ја со шнола.
Интересни идеи за фризури со пунџа

Ексцентрична фризура

Совршено за девојките кои сакаат да се издвојат од толпата. За да го постигнете овој изглед, прицврстете ја косата во мазно коњско опавче на врвот на главата и направете малечка плетенка во која било форма.Интересни идеи за фризури со пунџа

Пунџа со плетенки

Оваа фризура е слатка и романтична. Направете една плетенка на левата страна, а друга на десната страна на главата, потоа краевите на плетенките врзете ги во јазол и прицврстете ги со шноли или проѕирно ластиче.Интересни идеи за фризури со пунџа

Висока пунџа

Пред сè, мора да ја испеглате косата доколку ви е виткана, потоа врзете ја во коњско опавче на врвот на главата, употребувајќи серум за сјај на косата, со што ќе ја направите совршено мазна. Извртете ги краевите на пунџата, така што ќе добие изглед како на крофничка. Внимателно прицврстете ја и уживајте во прекрасниот изглед.

Интересни идеи за фризури со пунџа

Пунџа за кратка коса

Истапирајте ја косата за да создадете волумен. Затегнете ја косата во ниско коњско опавче и прицврстете ги краевите.Интересни идеи за фризури со пунџа

Многу волумен

Елегантен, драматичен и секси изглед. Најпрво, врзете ја косата ниско во коњско опавче. Потоа исфенирајте ја врзаната коса за да ù дадете многу волумен. Краевите превртете ги врз дебел ластик за коса и прицврстете ги во коренот на пунџата со многу шнолички. Може да додадете некаков украс за коса, за да го „зачините“ изгледот.Интересни идеи за фризури со пунџа

Неуредна пунџа

Неуредна пунџа поставена на врвот на главата е навистина шик. Брановидно извиткајте ја косата, потоа извртете ја во форма на пунџа, високо  на главата. Оставете неколку прамени да висат лабаво и внимателно испрскајте ја косата со спреј.Интересни идеи за фризури со пунџа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар