Флертувачи, додворувачи, шмекери…
„Твојата коса е како стадо овци кои се спуштаат надолу по ливадата…“ Кога мојата професорка го прочита ова, искрено, прснав од смеење. Беше пред едно 7 години, ама оваа фраза никогаш нема да ја заборавам. Зошто сум се смеела? Човекот кој го напишал ова си бил вљубен, заслепен од убавината на девојката, од нејзината долга коса, и само да напоменам, бил многу поискрен од кое било момче што ќе ви пријде во ноќен клуб во денешно време.
Заводливост, кокетни насмевки, расфрлање со шарм? Нема ни флерт ни вистинско додворување, ни тие искри и жарчиња. Во денешно време сè се сведува на Сакаш да се муваме? Траги-комедија…Прв начин да ѝ се „пуштиш“ на некоја – искористи ги социјалните мрежи. Глумат манијаци, ти се чини некој ги плаќа будно да го следат твојот профил 24/7. Во ред, нови времиња и нови начини на ширење познанства, само собери храброст и покани ја девојката да се видите во живо и извежбај при таа средба да успееш да направиш макар пола од муабетот кој си го правел на ФБ. Друг начин е да „пуштиш јадица“ во ноќен клуб и да видиш која ќе се фати. Ама најчесто без праќање заводливи погледи или пијачки, туку манијачко ѕверење во женската, а дури да собере храброст заврши вечерта. Без ризик, игра на сигурност, не дај Боже да ѝ покажеш на женската дека стварно ти се свиѓа и би сакал подобро да ја запознаеш. Финти како од филмчињата, праќање порака на нејзината маса… ма не, подобро ќе пуштат стројници.
Е, стројниците во 21-ви век се една од најинтересните појави. Дури играш расипан телефон преку братучед ти до другарот негов кој ќе треба да ѝ каже на другарката на оваа што ти се свиѓа, пораката три пати ќе се измени или изгуби во превод, а додека стигне до девојката таа може и да се омажи. Биди маж – кажи ѝ во лице. Ха! Какви мажи, одамна изгуби тежина овој термин. Сега жените се поголеми „мажи“ за многу работи.
А жените, нема да ги поштедам само затоа што сум една од нив. Ок, момците не знаат да флертуваат (поголемиот дел, големо извинување до ретките исклучоци), ама и жените не се цвеќиња за мирисање. Ако си застанала на шанк и глумиш ледена кралица не очекувај дека некој околу тебе вртоглаво ќе паѓа. Друга работа, ако си се облекла како за на кастинг за во јавна куќа (со извинение), не очекувај дека ќе флертува со тебе некој нормален.
Како и да свртиш за сè си има две страни. А бидејќи нема начин да бидеме јасни кога станува збор за тоа дали си достапна за флерт (освен ако нејќеш да шеташ со натпис на челото), ќе мора да преземаме ризици.
Во секој случај, вреди да се ризикува. Момци, пробајте најнормален пристап, без глупости и филозофии и видете што ќе бидне. И да добиеш корпа, никому-ништо, никој не умрел од тоа. Замислете таа да била жената на вашиот живот, онаа по која сте трагале толку долго време, а вие сте уништиле сè преправајќи се дека сте пијани (за да изгледате кул и опуштено), и пристапувајќи ѝ со некаква крајно глупава фраза. Нели е греота да си уништите таква шанса? На крајот на краиштата, флертувањето е едноставно и лесно, не ви треба докторат за да ви успее.
До следното читање,
Флертувајте смело.
Вашата Ели.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Bravo i Vi blagodaram Eli, me iznasmeavte i mi go napravivte utroto, velam utroto zasto jas sum na 26000km podaleku od Makedonija i e nov den ovde vo Nov Zeland. Se najubavo i prodolzete so vakvi temi.
Искрено ова ме насмеа,бидејќи има и доста голема вистина за сето ова,момциве ќе изиграваат нешто фраери ова она,а од фраер ни Ф нема хах додека пак типкиве се облекуваат како да сакаат да ти кажат “хмм дечко што викаш за добар провод вечерва но прво пари на рака” се извинувам на кажаново :S … Сепак не дека знам нешто 18 години имам,но сепак треба барем да се пријде кон девојка за повеќе од едно мување колку да се направи “леле брат гледај која ја свртев ае кој ја врти сега работава” 😉 како и да е според мене иди запознај се шири пространства немора се да е во искористување еее … Поздрав до Ели ме насмеа 😀
Сите се на фб опуштени, флертуваат демек, но во живо 80 % од машките и женските незнаат уста да отворат… Дали кај машките преовладува срамот или пак уште од старт девојките им даваат на знаење дека не сакаат никаков флерт,никакво запознавање … нешто во нивни стил како Недопрлива, или што би рекла авторката Ледена кралица…И други врмиња беа порано… Беше реално се, а сега се е виртуелно нажалост.! Сепак одличен текст мора да признаам поздрав.
Se se sveduva na samodoverbata. Ako maskoto raspolaga so dobar recnik zborovi,visok stepen na samodoverba i znae sto se krie vo pozadina na zenskite dvosmisleni prasanja i…… , mnogu lesno ke znae da ja probie. Inaku, se bi bilo zaludno. Znaes kako velat :ako ti ne si siguren vo sebe ne ocekuvaj nitu licnosta sproti tebe da bide sigurna vo tebe.Poveketo maski ziveat vo nova era so zastareni fori(koi gi videle od nekoj film ili pak slushale vo nekoja pesna ili pak gi slushnale od nekoi luge ili…), i tie zenski sto gi fakaat i sto se so niv i padnale na nekoj takvi cheap trikovi, se so niv zatoa sto ocajno im trebal decko, pa prviot sto dosol mu se predale. Najcesto takvite vrski zavrsuvaat so sozdavanje na silni meguodnosi od koi se gubi samodoverbata totalno i doaga do raskinuvanje od strana na licnosta koja ima poveke ego. Sekako poradi toa sto se opstestveni gragani, se premnogu inhibirani so nivnite emocii pa koga ke se napijat nekoja casha alkohol(koj udira vo crniot drob shto vo glavno pretstavuva centar za poveketo cuvstva) vednas zvonat ili prakaat SMS na nivnite ex-partneri so koi pominale nekoe vreme t.s ,gi iskazuvaat emociite i mislite sto postojano gi mislele doma, no poradi inhibiranosta ne gi kazale na trezno. A za flertot preku facebook, mislam deka treba da se zaboravi, zatoa sto pred se ti unistuva golem del od shansite kaj bilo koja licnost.