Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)

Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)

Филм за митологијата, храброста, семејството, борбите и спријателувањето

Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Режисери: Дин Деблојс и Крис Сандерс

Сценарист: Вил Дејвис

Гласови: Џерард Батлер, Џеј Барушел, Крег Фергусон, Америка Ферера

Продукција: DreamWorks Animation

Жанр: авантура, акција, комедија

Времетраење: 98 минути

Јазик: англиски

Премиера: 26 март 2010

Музика: “Sticks and Stones” од Џон Тор Биргисон

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 9/10

____________________________________________________________________________________________
Адаптиран според книгата на Кресида Ковел, оваа анимирана авантуристичка приказна пренесува позитивна порака за надминување на непријателството со разбирање, наместо со насилство, служејќи се со докажаната формула: човекот и неговиот љубимец, овој пат моделиран во облик на змеј.

____________________________________________________________________________________________

Приказна: Дејството се случува одамна, на Северот, поточно на островот Берк, во едно необично село населено со Викинзи кои често се борат против нивниот најголем непријател – змејовите. Хикап (Штуцко) е коскесто, несмасно, но паметно момче кое се труди да се вклопи во средината и да му се докаже на својот почитуван татко, кој е инаку лидер во селото и најголем борач со змејови, дека е време тој да стане вистински Викинг. Иако обидите на Хикап се секогаш безуспешни, тој наоѓа начин да се докаже пред останатите Викинзи и да му покаже на селото дека насилството не е единствениот начин. Дополнителен мотив за докажување претставува Астрид, снажна девојка во која Хикап е заљубен, но која е сѐ што тој не е.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Компјутерска графика и анимација: Многумина се едногласни во мислењето дека ова е најдобрата 3D реализација на Dreamworks Animation. Светли сцени, импресивни борби и широки, длабоки кадри во кои се протегаат летачки змејови го прават овој филм исклучително пријатен за гледање.

Актерите допринесуваат со одличната изведба на гласовите, успевајќи да го задржат ритамот, балансирајќи го во однос на хуморот и на емоциите на карактерите. Она што е највпечатливо во овој филм се сцените во кои змејовите летаат. Со перфектна длабочина и добра обработка, овие сцени ве ставаат во филмот, па повеќе се чувствувате како вие да летате на змеј, отколку како гледач.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Кога и како да го гледате? Ова е филм кој можете да го гледате во секое време и на секое место. Во секој случај, ќе влијае на вашето расположение, ќе ве насмее, разведри и одмори. Друштвото не е пресудно, но дефинитивно е подобро отколку изборот да го гледате сами. „Како да издресираш змеј“ е филм во кој уживаат и децата и возрасните, па е одличен избор за фамилијарно собирање пред големиот телевизор. Дополнително, моментално имате опција и да го гледате во кино.Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Како да издресираш змеј? (How To Train Your Dragon)Слични филмови: „Аватар“, сите делови на Хари Потер, „Облачно со услови за ќофтиња“ (Cloudy With a Chance of Meatballs)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anonymouys Reply

    Обавезно да го гледаде филмов! Верујте, не е само за деца!

Остави коментар