30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

Секој сака да биде во добра форма, а со тоа и да се чувствува подобро. Би се изненадиле колку е лесно да се намали бројот на калориите кој секојдневно го внесуваме. Не станува збор за изгладнување или откажување од најомилените задоволства, бидејќи на организмот му треба од сè по малку. Изгладнувањето и ригорозните диети најчесто имаат негативен ефект. Наместо тоа, сè што треба да направите е да намалите количински од храната која ја внесувате, секогаш кога имате можност да одбирате диетална храна, да ја подготвувате варена или печена наместо пржена и да ги замените полномасните млечни производи со оние со пониска масленост.

30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

Еве некои совети со чие применување би крателе по 100 калории дневно, што би резултирало со губење околу половина килограм месечно. Ви се чини малку? Сепак, зборуваме за здрав начин на слабеење и одржување на здравјето.

1. Наместо путер, на вашиот тост или парче леб за појадок, намачкајте една лажичка овошен мармалад.

2. Заменете ја вашата шолја полномасно млеко со половина шолја млеко со пониска масленост.

3. Наместо две пржени јајца, изедете две варени.

4. Заменете ги чоколадните житарици со овесни.

5. Секогаш кога имате можност, во готвењето искористете ја само белката од јајцата.

6. Како закуска направете си овошна салата со портокал и банана.

7. Наместо кикиритки, грицкајте соленки.

8. Кога правите домашен овошен шејк не засладувајте го.

9. Дел од вашиот оброк со месо заменете го со свежи печурки.

10. Доколку не можете да се откажете од мајонезот, заменете го со диетален.

30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

11. Грицкајте сушено овошје наместо карамели или други слатки.

12. Наместо црвено вино напијте се минерална вода со вкус на цреша.

13. Заменете ја пржената сланина со сушена.

14. Зеленчукот гответе го дома наместо да купувате конзервиран.

15. Заменете го белиот со црн леб.

16. Исечете помало парче торта за десерт од вообичаено.

17. Наместо купечко чоколадно млеко, во обично млеко додадете инстант за чоколадна напивка.

18. Месото подготвувајте го варено или печено наместо пржено и секогаш комбинирајте го со зеленчук како грашок и моркови.

19. Наместо пет коцкички чоколада или чоколадни колачиња, изедете две.

20. Наместо салата со макарони, направете си салата со спанаќ.

30 лесни начини да скратите 100 калории на ден

21. Не мора целосно да се откажете од путерот, туку употребувајте го во помали количини.

22. Наместо конзервирана туна во масло, купете конзервирана туна во вода.

23. Сервирајте го месото со помалку сос.

24. Изедете го хамбургерот, но оставете го помфритот.

25. Не јадете каков било сос со рибата, само истискајте лимон врз неа.

26. Наместо филети од риба, направете риба на скара.

27. Намалете ја употребата на масло и заменете го со маслиново масло.

28. Наместо купечки овошен шејк, направете го дома. Измешајте филџан млеко со ниска масленост, половина филџан сецкани јаготки и половина банана.

29. Направете си сендвич со мисиркино месо наместо пилешка салата.

30. Наместо свинско месо, конзумирајте месо од дивеч.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Елена Reply

    24. Изедете го хамбургерот, но оставете го помфритот.

    МНОГУ тешко остварливо е ова! 😀

    • LizaRd Reply

      Abe da…. Namesto vino napijte se casa voda so vkus na cresa….. muabetov e jadi zelka misli meso!

  2. Asiba Reply

    Hahah jadi kromid misli luk!!!!

  3. janko Reply

    jadi skara i vino i misli na ananas so vkus na portokal i mesto vino pijde domasno vino so vkus na grozjee ama prevvrieno

Остави коментар