Прекрасни цитати за љубовта и животот од бестселерот „The Notebook“
Речиси и не постои човек кој нема да заплаче или барем да се наежи читајќи дело на извонредниот американски писател, Николас Спаркс. Кога еднаш ќе прочитате негова книга, кој било друг љубовен роман ќе ви се чини недоволно добар. Живото раскажување, прекрасниот избор на зборови и неверојатните приказни, ги доближуваат читателите до случувањата, во секое од неговите дела. Токму поради оваа причина, многу од неговите дела се преточени во филмови. Задржувајќи се воглавно на теми кои ја опишуваат љубовта како основно чувство на секој човек, Спаркс е еден од најпозитивно критираните автори за изминативе пет години. Читајќи ги неговите книги, ќе се вљубите уште повеќе ако сте веќе вљубени, или ќе посакате да се вљубите доколку не сте.
„Јас не сум воопшто посебен, во тоа сум сигурен. Јас сум обичен човек со обични мисли и водев обичен живот. Нема споменици кои ми се посветени мене, а моето име наскоро ќе биде заборавено. Но, имам љубено со целото мое срце и душа, а тоа мене секогаш ми било доволно.“
„Те љубам. Јас сум она што сум поради тебе. Ти си секоја причина, секоја надеж и секој сон кој некогаш сум го имал, и без разлика што и да ни се случи во иднина, секој ден поминат со тебе, за мене е најдобриот ден од мојот живот. Секогаш ќе бидам твој.“
„Се вљубивме еден во друг и покрај нашите разлики, и во истиот момент се создаде нешто ретко и убаво. Според мене, таква љубов се случува само еднаш и поради тоа секоја минута помината со тебе е врежана во мојата меморија. Никогаш нема да заборавам ни еден единствен миг.“
„Ти си ми најдобар пријател, а воедно и љубовник. Не знам во кое од тие две нешта уживам повеќе. Ги вреднувам двете подеднакво, исто како што го вреднувам нашиот заеднички живот.“
„Ти си одговор на секоја моја молитва. Ти си песна, сон, шепот, и не знам како сум можел толку долго да живеам без тебе.“
„Не се согласуваа за многу работи. Всушност, не се согласуваа за ништо. Постојано се караа и препираа. Но, покрај сите разлики, имаа едно нешто заедничко. И двајцата беа луди еден за друг.“
„Во време на тага и очај ќе те држам блиску до себе, правејќи сета твоја тага да биде моја. Кога плачеш плачам и јас, кога чувствуваш бол, боледувам и јас. Заедно ќе преминеме преку реките од солзи и очај и преку сите нерамни патишта во животот.“
„Мирно седиме и гледаме како светот се движи околу нас. Потребно е многу време за човек да научи како да го прави тоа. Се чини дека само старите умеат да седат еден до друг во тишина и сепак да бидат среќни. Младите се нетрпеливи, наметлеиви и мораат секогаш да ја прекинат тишината. Штета, бидејќи тишината е чиста. Тишината е света. Таа ги зближува луѓето, бидејќи само оние кои се чувствуваат удобно еден покрај друг, можат да седат заедно без да зборуваат. Ова е еден голем парадокс.“
„Причината поради која нашата разделба е толку болна е бидејќи нашите души се поврзани. Можеби секогаш биле и секогаш ќе бидат. Можеби сме живееле илјадници животи пред овој и секогаш сме се наоѓале еден со друг. Можеби секој пат поради исти причини сме се разделувале. Тоа значи дека ова збогум е збогум за последните десет илјади години, но и најава за она што допрва доаѓа.“
„Таа беше мојот сон. Ме направи она што сум. Кога ја држам в раце, тоа за мене е нешто поприродно од отчукувањата на моето срце. Мислам на неа постојано. Дури и сега, додека седам овде мислам на неа. Никогаш не постоеше ниедна друга.“
„Кога ја протресе нејзината рака и ги погледна тие впечатливи смарагдни очи, тој уште пред да го земе наредниот здив знаеше дека таа е онаа за која би го потрошил животот барајќи ја, дури и ако знае дека никогаш нема повторно да ја пронајде. Таа изгледаше толку убаво, толку совршено, додека летното ветре задува низ дрвјата.“
„Ако ти си птица, и јас сум птица.“
„Најголемиот страв кој го носи далечината е тоа што не знаеш дали ќе им недостигаш или ќе те заборават.“
„Поезијата, си помисли таа, не е напишана за да биде анализирана. Составена е за да инспирира без причина, да допре до тебе без разбирање.“
„Моја најдрага Али. Не можев да спијам минатата ноќ знаејќи дека меѓу нас е готово. Не сум огорчен повеќе, бидејќи знам дека она што го имавме беше вистинско. Ако некогаш во иднина се сретнеме, секој живеејќи го својот живот, ќе ти се насмевнам со радост и ќе помислам на летото кое го поминавме под дрвјта, учејќи еден од друг и сè повеќе вљубувајќи се. Најдобрата љубов е онаа која ја буди душата и нè прави да сакаме уште повеќе, која разгорува оган во нашите срца и ни носи мир во мислите, а токму тоа ти ми го даде мене.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.