КАФЕ ПАУЗА

4 причини зошто вашето тело одбива да ослаби

4 причини зошто вашето тело одбива да ослаби

Постојано сте на диета, вежбате редовно веќе неколку месеци, но резултатите речиси и да ги нема. Наместо да избрзате со обвинувања на сметка на генетиката, прочитајте кои други причини можат да ве спречуваат да ослабите.rnrn4 причини зошто вашето тело одбива да ослабиrn

Не се трудите доволно

rnТренингот мора да биде квалитетен. Ако трошите многу време на трчање или теретана, не значи дека тоа го правите правилно.rnrnИсто така, неопходно е постојано да си поставувате нови цели. Штом една вежба ви стане лесна, не задоволувајте се со тоа. Почнете да кревате потешки тегови или трчајте побрзо или на подолга патека. Постојаниот напредок и квалитет во вежбањето ќе обезбеди и напредок во слабеењето.rn

Стрес

rnОрганизмот, едноставно, знае кога имате некој емоционален проблем и ќе го саботира вашето симнување килограми. Стресот многу лошо влијае на слабеењето со тоа што ги задржува мастите во организмот, а посебно оние околу стомакот. Затоа, погрижете се работите и луѓето кои ве прават незадоволни да ги држите што подалеку од себе.rnrn4 причини зошто вашето тело одбива да ослабиrn

Нетолеранција на одредена храна

rnМожеби се храните правилно, со разновидна храна, но килограмите и понатаму остануваат. Една од можните причини за тоа е вашата нетолеранција кон одредени намирници. Внесувањето храна која вашиот организам не ја толерира доведува до одредени воспаленија внатре во организмот кои оневозможуваат тренингот да даде резултат. Познат е примерот на Новак Ѓоковиќ кој откако откри дека е нетолерантен на глутен значително ја подобри својата игра по што стана најдобар тенисер во светот. Тестот за толеранција на храна кој го нудат одредени клиники ќе ви покаже која храна ви пречи во слабеењето, доколку воопшто постои таква.rn

Изложени сте на премногу отрови

rnОтровите кои се внесуваат преку загадениот воздух, цигарите, лековите, хемиските супстанци кои се користат во козметиката итн., се таложат во масните ќелии во организмот. Доколку нашето тело ги искористи овие масни ќелии како енергија отровите ќе се ослободат и ќе направат хаос. За среќа, организмот е доволно паметен да не ги користи, но така мастите остануваат наталожени на места каде што не ги посакуваме. Решението лежи во ослободување на отровите, по што организмот ќе може слободно да ги согори. Во тоа ќе ви помогне диета за детоксикација со многу течности, а посебно чаеви и какао. Исто така, може да ги земете предвид и третманите за ослободување на токсините.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.