КАФЕ ПАУЗА

Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)

Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)

Written by

in

,

Филм за смислата на животот, целите во животот, љубовта, славата…rnrnФилм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Режија: Вуди АленrnrnУлоги: Вуди Ален, Алек Болдвин, Пенелопе Круз, Џеси Ајзенберг, Елен Пејџ, Роберто Бенињи, Алисон ПилrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnЈазик: англиски, италијанскиrnrnПремиера: 6 јули 2012rnrnЖанр: романтична комедијаrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

rnДоколку ви се допаднале „Вики, Кристина, Барселона“ (Vicky, Christina, Barcelona) и „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris), сигурно со нетрпение сте го очекувале и овој филм. Најновиот филм кој Вуди Ален го снима во европска метропола е инспириран од Декамерон на Џовани Бокачо, едно од најсјајните дела на ренесансата. Во него презентира четири приказни кои меѓу себе не се поврзани на друг начин освен со тоа што сите се случуваат во Рим.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Американката Хејли за време на летниот одмор во вечниот град го сретнува локалниот адвокат Микеланџело во кој се вљубува и планира свадба, а поради тоа во градот пристигнуваат нејзините родители. Штотуку венчаните Антонио и Мили пристигнуваат во Рим на меден месец, но тука ги чека првиот тест на нивниот брак. Римјанинот Леополдо живее сосема обичен живот со сопругата и двете деца пред ненадејно да се соочи со голема слава. Џек и Сали се студенти во Рим на кои на гости им доаѓа пријателката Моника, неуспешна актерка која многу го привлекува Џек. Со нив ќе се дружи и славниот архитект Џон, кој инаку е идол на Џек.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Фокусот на филмот цело време се префрла од една приказна на друга. Секоја од нив е интересна на свој мистериозен начин и ќе успее да ве задржи љубопитни до самиот крај. Темите кои провејуваат низ римските приказни се смислата на животот, целите во животот, љубовта, славата, итн., а се прикажани на начин карактеристичен за филмовите на Вуди Ален.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)Во сите сцени се чувствува духот на Рим. Филмот, всушност, е една прекрасна разгледница од овој град. Ален секако не смеел да ги изостави кадрите додека ликовите се воодушевуваат на шармот на преубавиот град додека сонцето бавно се спушта зад хоризонтот.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)„За Рим со љубов“ е ставен во жанрот романтична комедија, иако според својата необичност битно се разликува од останатите вака класифицирани филмови. Ако сте уживале во гледањето на „Полноќ во Париз“, ќе ви се допадне и овој филм, иако тешко е да се очекува дека ќе ве импресионира исто колку него.Филм: За Рим со љубов (To Rome with Love)
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn