Медот во кујната
Медот денес е многу повеќе од засладувач во чај. Модерните гурмани знаат дека употребата на медот во современата кујна е сè позастапена и шаренолика. Во комбинација со сирење и модар патлиџан, месо и риба, медот е додаток кој ако досега не сте го употребувале, време е да почнете. Погледнете неколку идеи како да го употребите медот во кујната:
Грашок и шумски мед
Салата со млад грашок, рен и шумски мед.
Пржен модар патлиџан со багремов мед
Пржените кришки модар патлиџан се толку вкусни и претставуваат одлична заскуска. Во комбинација со багремовиот мед, може да бидат одличен избор за необичен ручек.
Мувлосано (сино) сирење со мед од костен
Богатиот вкус на синото сирење одлично ќе се надополни со вкусот на медот од костен.
Фуа-гра (џигер од патка) со мед од лаванда
Два француски специјалитети кои дефинитивно одат едно со друго. Уникатниот вкус на џигерот од патка го ублажува слаткастиот вкус на медот од лаванда.
Чедар кашкавал со мед од липа
Силниот вкус на кашкавалот одлично се надополнува со мекиот и нежен вкус на медот од липа.
Стапчиња јагнешко со овошен мед
Месо и мед е неодолива комбинација, а со овошниот мед се добива неверојатен вкус.
Козјо сирење со мед од костен
Медот и сирењето прават моќна двојка. Овие два производи секогаш одат во пар.
Скуша со планински мед
Силниот вкус на мрсната риба скуша, зачинета со сос од лимонов сок, соја сос и планински мед е одлична комбинација за незаборавен ручек.
Покрај во кујната, медот можете да го употребите и како козметичко средство за разубавување и лекување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.