Брзи начини како да станете попаметни, посреќни, посекси…
Кога немате време да ги платите сметките или да ѝ се јавите на најдобрата пријателка, додавањето на уште една обврска повеќе на списокот со задачи кои треба да ги завршите изгледа невозможно. Но, истражувањата покажаа дека за кратко време можно е да постигнете многу повеќе отколку што мислите и притоа да се чувствувате подобро.
Зголемете ја моќта на мозокот
Не е потребно да го решите целиот крстозбор за да го одржувате мозокот активен. Ако сакате да ги тренирате синапсите, експертите препорачуваат да правите ментални вежби кои ги ангажираат сензорните и моторните патишта во мозокот. Овие вежби се едноставни и подразбираат преместување на неколку предмети на работното место. На почетокот, предметите сè уште ќе ги барате на старото место, но оној момент кога ќе сфатите дека го правите тоа и ќе ги пренасочите движењата е всушност моментот кога вашиот мозок станал поактивен.
Водете дневник
Водењето дневник го намалува нивото на стрес, па кога ќе се почувствувате виновни затоа што сте пропуштиле да запишете како ви поминал денот, тоа на некој начин ја победува целта. За среќа, не мора да пишувате по неколку страници за да се чувствувате подобро. Според едно британско истражување, доволно е да пишувате само две минути за нешто значајно што ви се случило и веднаш ќе се почувствувате подобро.
Вљубете се
Мислите дека немате време за романса? Истражувањата покажаа дека е потребно многу малку време, околу 90 секунди, за да ги почувствувате искрите. Секако дека искрите можеби нема да бидат реализирани, но кога се случува ова, се случува брзо.
Зголемете го вашиот сексапил
Облечете нешто црвено и за миг ќе привлечете внимание. Една студија од Универзитетот во Рочестер го идентификувала ефектот на црвениот фустан според кој жените облечени во црвено полесно и побрзо ги привлекуваат мажите.
Прочитајте приказна
Одамна не сте прочитале некоја интересна книга затоа што немате време? Тогаш прочитајте нешто пократко. Обидете се со кратките новели и поеми на Ернест Хемингвеј кои се читаат за неколку минути. Ако немате толку време, прочитајте ги и запамете го следниот расказ од 6 зборови на Хемингвеј: „Се продаваат бебешки чевли, нови, неносени“.
Организирајте се
Најбрз начин да го надминете хаосот е прво да ги запишете проблематичните области во вашиот дом или канцеларија. Иако тоа нема да направи нередот да исчезне, сепак ќе ви овозможи да се фокусирате. Куповите неотворена пошта, расфрлана облека и несредените документи го привлекуваат вашето внимание, но не ви дозволуваат да се фокусирате. Потребно е малку време за да одредите што ви го одвлекува вниманието, а потоа започнете да се организирате.
Правете нешто
Тајната на остварување на своите цели, без разлика дали се работи за учење на некоја нова вештина или за вашата работа од соништата, не е едноставна како позитивното размислување. Едно истражување покажало дека фантазирањето за иднината всушност може да има негативен ефект. Наместо да размислувате за среќата, реализирајте ја. Ако се фокусирате на вашето ново хоби за само 30 секунди, тоа ќе биде многу поефективно отколку цел ден да фантазирате за него.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.