Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

Дали понекогаш се прашувате како некои личности успеваат да бидат исклучително уредни? Еве ги нивните трикови.

Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

Имајте визија за себе

Ако имате јасна претстава за себе, ќе ви биде многу полесно да одредите што сакате да внесете во вашиот живот. Ова се однесува на секој сегмент, почнувајќи од декорирањето на вашиот дом, преку уредувањето на плакарот, па сè до организацијата на времето.

Одредете ја намената на секоја соба

Откако ќе ја одредите целта на секоја соба, нејзиното уредување ќе биде многу полесно. Понекогаш функцијата на некоја соба е очигледна (кујна, бања), но денес многу соби имаат повеќе намени. Организирајте ги повеќенаменските соби така што јасно ќе ги определите посебните катчиња.

Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

Етикетирајте

Докажано е дека читањето од етикети е побрз процес од процесот на набљудување на предметите на една полица. Без разлика дали се работи за тегли за зачини или големи кутии за складирање, ставете натпис на секој елемент. На тој начин ќе си помогнете самите себе и побрзо и полесно ќе ги враќате предметите таму каде што припаѓаат.

Одржувајте ги површините

На поголемите површини во домот има место само за она што секојдневно го користите. Работите кои ги користите поретко, подобро е да ги складирате. Размислете колку често користите некој апарат и колкава површина зафаќа тој. На пример, на работната површина во кујната секогаш има место за тостерот, но затоа пак, миксерот би можел да се тргне настрана.

Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

Одберете повеќефункционален мебел

Одлучете се за парчиња мебел кој има неколку функции. Тоа би можело да биде кревет во кој ќе ја чувате постелнината или клуб маса под која ќе бидат сместени весниците и списанијата.

Секојдневните предмети нека ви се секогаш на дофат

Предметите кои ги користите секој ден нека бидат сместени на предниот дел од полиците така што секогаш ќе ви бидат на дофат, додека работите што ги користите поретко сместете ги во задниот дел на полиците или на највисоките полици.

Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

Подредувајте според сличностите

Во кујната или оставата, на иста полица наредете ја конзервираната храна, а житариците ставете ги на друга полица. Во бањата, одделете ги четките за коса од шминките.

Погледнете назад

Задниот дел од вратата е одлично место за организирање на предметите. Подлогата со џебови која се закачува на врата е наменета за организирање на чевлите, но во неа можете да сместите и марами, накит, разни додатоци за коса, па дури и средства за чистење.

Тајни за совршено организирање на вашето време и простор

Купувајте помалку производи

Ако не сте минималисти, не купувајте секакви производи само затоа што се на попуст или има распродажба. Често постојат скриени трошоци кои вклучуваат одржување на купениот производ (на пример чистење).

Ставете часовник во бањата

Повеќето луѓе наутро губат најмногу време додека се подготвуваат во бањата. Часовникот во бањата ќе ви помогне полесно да си го организирате времето. Ако немате доволно простор во бањата, поставете ѕиден часовник.

Тајни за совршено организирање на вашето време и простор


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар