270 секунди до поисполнет брачен живот

270 секунди до поисполнет брачен живот

Џим Фанин е експертски советник на атлетичари, кој смета дека нивниот перформанс во голема мера лежи во менталната стабилност, а сите знаеме дека љубовта и вниманието ни се потребни за да се чувствуваме урамнотежено. Во продолжение, ќе ги прочитате неговите 3 правила кои мажите треба да ги применуваат во однос на нивните сопруги, спакувани во 270 секунди, кои тој е убеден дека ќе го направат сечиј брачен живот посреќен и поисполнет.

270 секунди до поисполнет брачен живот

Наутро

„Првата работа којашто треба да ја направите наутро кога ќе се разбудите, е да ѝ ги овозможите најдобрите 90 секунди на вашата сопруга. Кажете ѝ „Добро утро. Те сакам“. Доколку таа сѐ уште спие, а вие морате да излезете за на работа, можете со потивок глас да ѝ прошепотите „Те сакам. Имај прекрасен ден.“ И во двата случаи, таа ќе ве чуе.“

После работа

„Веднаш кога ќе се вратите дома од работа, посветете се на вашата најмила во првите 90 секунди откако ќе пристигнете. Доколку таа се чувствува среќно и вие бидете ведри и расположени. Доколку е тажна, обидете се да ја разберете и гледајте ја во очи подолго време, за таа да знае дека ја цените и ви е потребна покрај вас.“

Навечер

„Во текот на последните 30 минути пред да си легнете в кревет, одвојте 90 секунди за целосно да се поврзете со неа. Не зборувајте за децата, за пари или за работа, ниту пак за минатото. Гледајте во неа, погалете ја за коса, стуткајте се покрај неа и кажете ѝ дека ја љубите.“

270 секунди до поисполнет брачен живот

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. wolkmkd Reply

    Добро бе ние мажите нели сме човечки род па жените не се божества на кој треба да се поклонуваме и да пренесуваме жртви за тие да бидат задоволени.. ако сакате рамноправност бидете рамноправни не – шовинисти феминисти или како и да е..

Остави коментар