Ова е оној десерт што никого не може да го остави рамнодушен. Толку едноставен, лесен и премногу вкусен. Предизвикува сериозна зависност, а еден чоколаден тартуф верувајте дека нема да ви биде доволен.
rnrn
Потребни состојки за 30 тартуфи:
rn
- rn011
- 175 мл слатка павлака со 45% масленост
- 300 г темно чоколадо со над 60% чоколадна маса, растопено
- 30 г несолен путер, растопен
- 3 супени лажици ликер по ваш вкус
- незасладено какао
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnВо сад ставете ја павлаката да проврие. Претходно растопеното чоколадо ставете го во павлаката. Потоа, ставете го и растопениот путер. Додадете го ликерот. Измешајте ја целата смеса. Готовата смеса претурете ја во тавче и ставете го тавчето во замрзнувач 3 часа. По три часа, извадете го тавчето со смесата. Со лажица почнете да вадите топчиња. Обликувајте ги во рака како тркалца и валкајте ги во какао. Чоколадните тартуфи ставете ги во хартиени калапи за да изгледаат поубаво (може и без нив). Најдобро е да се служат на собна температура.rnrnЗабелешка: Тартуфите може да стојат во фрижидер десет дена, без проблем.rnrnАко сте вешти во готвењето, може да ги декорирате со ореви, бадеми, лешници, чоколадни филови со ваши додатоци.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
