Што зборува вашето омилено кафе за вашиот карактер?

Што зборува вашето омилено кафе за вашиот карактер?

Шолјата кафе е редовен ритуал и омилен пијалак на голем број луѓе и за разлика од чаевите и соковите кои ги пиеме во различни вкусови, повеќето луѓе секогаш нарачуваат исто кафе, коешто открива по нешто за нивниот карактер.

Што зборува вашето омилено кафе за вашиот карактер?

Кафе без кофеин за оние кои сакаат да играат на сигурно

Плашливите и несигурни луѓе одбираат бескофеинско кафе. Тие не сакаат возбудувања, се држат до зададените граници и во животот сакаат да играат само на сигурно.

Дупло еспресо за хедонистите

Дуплото еспресо е избор на експлозивните луѓе, кои тешко се концентрираат само на една работа. На животот гледаат како на нешто во кое треба да се ужива со сите свои сетила. Сите оние кои сакаат да се впуштат во љубовна врска со нив, треба да знаат дека ќе им биде потребна многу енергија за да можат да останат во чекор.

Капучино за романтичарите

Обожавателите на капучино се таинствени и романтични души. Иако честопати изгледаат како да се повлечени во себе, кога ќе ви дозволат да ги запознаете, ќе ви покажат дека се креативни луѓе, богати со бујна фантазија.

Макијато за посветените и одговорните

Во макијато уживаат префинетите и добро образовани луѓе, а мала шолја од овој пијалак им пружа дозирано задоволство во текот на денот. Во животот сѐ завршуваат на време па дури и предвреме, така што на нив секогаш можете да се потпрете.

Инстант кафе со карамела и чоколаден прелив за веселите

Оние кои сакаат да пијат кафе со додатни вкусови од карамела, чоколадо или ванила се весели и забавни личности кои не мируваат ниту еден миг. Тие се зависници од шеќер, а кафето реално не им се ни допаѓа, па затоа го маскираат со други вкусови.

Кафе со млеко од соја за опседнатите со своето здравје

Оние кои пијат кафе со соино млеко, своето тело го сметаат за свет храм. Се грижат за здравиот начин на живот и правилната исхрана, но некој треба да им даде до знаење дека понекогаш мораат малку да се релаксираат и да уживаат во животот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Maja Reply

    Eee pa kako najvaznite gi nema :///

  2. martin Reply

    Cappuccino <3

Остави коментар