Совршениот момент

Сподели

Сигурно сте ја чуле изреката „Животот е она што се случува додека сме зафатени со планирање.“ Да, сме ја чуле сите, и таа и многу други слични на неа, ама ретко ги почитуваме и ретко се сеќаваме на нив тогаш кога треба.

Реклама

Имаме планови, цели, намери да створиме нешто, да направиме нешто поинакво, нешто големо, нешто различно. Можеби не е во ред да немаш никакви цели и да не си ориентиран кон нешто, но многу често забораваме да го оствариме она што сме го испланирале.Секогаш треба да имате цели, една од моите филозофии за животот е дека ако немаш цели не ни знаеш каде одиш, сигурно сум ви го споменала ова и претходно. Но ако имаш соништа, единствениот начин за да ги оствариш е најпрво да се разбудиш.

Во ред е да сонуваме и планираме, да замислуваме и да се надеваме на успех, но не е во ред тоа да остане само една замисла. Постојано го чекаме совршениот момент за остварување на нашите планови и цели, за спроведување во пракса на нашите идеали, но треба да сфатиме дека совршениот момент е СЕГА!

Сè на овој свет е создадено со намера, секоја болест има билка која ќе ја излечи, а секој човек има мисија која треба да ја реализира!“ Која е вашата мисија? Што е она што треба да го направите?

Запомнете, животот е исполнет со толку многу совршени моменти, некои траат само секунда, а се паметат цел живот. Среќни се луѓето кои знаат да ги забележат совршените моменти, кои не ги чекаат туку ги создаваат!

Ве поздравувам драги мои, и се надевам дека за многумина од вас токму овој ден е денот кога ќе остварат некој свој план. Ова е моментот, совршениот момент, не поминувајте го животот во чекање, поентата е да се живее, а не да се преживува.

До следното читање, ви посакувам совршени моменти со вашето неделно кафе и вашите најблиски,

Вашата Ели.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира