Необична црно-бела убавина

Необична црно-бела убавина

Московскиот фотограф Александер Коклов го користи човечкото лице како негово платно, за да креира графички црно-бели илустрации. Почнувајќи од цртањето на иконата за WiFi, па сѐ до пресликувањето на срцевиот пулс низ очите на моделот, може да се воочи дека имагинацијата на Коклов е исклучителна и уникатна. Наместо да се потпира на платното, хартијата или кој било друг синтетички материјал како негова основа, Коклов се потпира на убавината и цртите на женското лице, за да го креира овој негов проект насловен „Чудна убавина“ (Weird Beauty).Необична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаУбаво дизајнираната фацијална уметност, во комбинација со едноставните и елегантни женски лица, им презентира на набљудувачите една комплексна оптичка илузија од позитивен и негативен простор. Нашето око природно го привлекува интензивната црно-бела графика, а потоа продолжуваме да ги анализираме совршено исцртаните линии на беспрекорната кожа, долгите трепки, продорниот поглед и безизразното лице кое се крие зад бојата.Необична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавинаНеобична црно-бела убавина


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар