Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?

Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?

Во низата вести кои го поврзуваат работното опкружување со лоши последици врз здравјето, тешко е да ги препознаеме добрите страни на состојбата на стална вработеност.Зошто работата е сепак добра за вашето здравје?Кога станува збор за здравјето, работата обично има лоша репутација и се врзува со разните проблеми предизвикани од прекумерното седење, растроеното спиење поради работењето во смени и ред други негативни последици. Но, новото истражување кое го спровело британското министерство за труд и пензии, покажало дека вработените лица помалку се разболуваат, имаат помал ризик од заболување од хронични болести, помали се шансите да патат од ментални болести и генерално, имаат пониска стапка на смртност.

Се разбира, овие позитивни последици се однесуваат на оние кои имаат добра работа, со солидна плата, редовен годишен одмор, разумно работно време, се чувствуваат задоволни и сметаат дека припаѓаат во таа околина.

Воедно, оние кои имаат добар однос со колегите, ќе живеат подолго – покажало истражувањето. Чувството на припадност на некоја група претставува друштвена „сигурносна мрежа“, која се поврзува со долгиот животен век кај луѓето.

Исто така, вашата работа ви помага да се чувствувате корисни. Некои истражувања покажуваат дека сѐ поголем е бројот на луѓе кои одлучуваат да работат и во својата длабока старост, бидејќи сакаат да имаат причина да станат наутро од својот кревет, а тоа му дава смисла на човечкиот живот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар