Правила за секс во туѓа куќа
Една од придобивките која ја имате кога одите во викендичката на вашите пријатели со партнерот е сексот.
Сексот во викендичка е супер. Надвор сте од стресот и секојдневните случувања. Не мислите на готвење, чистење или на работните обврски.
Но што ако престојувате во куќата на вашите дедо и баба, блиски роднини и пријатели за време на одмор или некоја семејна прослава? Дали престојот таму може да се изедначи со хотелски престој?
Проверете која соба се наоѓа веднаш до вашата спална
Дали е тоа спалната на вашите родители, детската соба или собата на роднините. Ако е тоа така, побарајте друга соба која е изолирана од останатите семејни соби. Така, нема да се чувствувате непријатно со партнерот знаејќи дека околу вашата соба нема други спални и фамилијарни соби. Непријатно е и некултурно да не внимавате на тоа кој може да ве слуша доцна во ноќта.
Проверете дали во собата има воздушна изолација
Звукот патува низ ѕидовите, а вие тоа не сакате да ви се случи. Ако нема изолација во ниту една соба, обидете се да бидете потивки бидејќи ќе се чувствувате навистина посрамено кога следното утро роднините и пријателите ќе ве гледаат чудно и со потсмев.
Проверете дали имате бања во собата
Ако има заедничка бања на спратот, бидете внимателни кога ќе одите натаму и како ќе бидете облечени. Не сакате да ве видат полу-голи. Не правете неред во бањата и бидете внимателни колку се задржувате во неа.
Наместете го креветот, здиплете ги чаршафите и оставете ја собата чиста и уредна
Некултурно е да го оставите креветот несреден и собата расфрлана и неуредна. Никој не сака неуредни и некултурни гости, а ако не го почитувате ова правило, верувајте дека нема да бидете пожелни на следната забава или фамилијарно дружење.