КАФЕ ПАУЗА

Постојаното жалење е лошо за вашиот мозок

Постојаното жалење е лошо за вашиот мозок

Стресот, за жал, стана дел од животот на сите, а бидејќи докажано го намалува мозокот, потребно е да се ослободите од него.rnrnПостојаното жалење е лошо за вашиот мозокrnrnНеретко луѓето се ослободуваат од стресот така што се жалат за своите проблеми и ова на некој начин им е „издувен вентил“. Но, токму овде се појавил и друг проблем. Имено, според истражувачите од Стенфорд, жалењето има негативно влијание врз мозокот.rnrnВеројатно сите често се наоѓаат во ситуација кога на работа им се жалат на клиентите, шефот или колегите, а ова продолжува и кога ќе заминат дома. Воглавно, ако ова го правите подолго од половина час дневно, му нанесувате трајна шета на вашиот мозок.rnrnИстражувањето вклучувало магнетна резонанца и пронашло врска помеѓу долготрајниот стрес, изложеноста на хормоните кои се создаваат во тој момент и намалувањето на хипокампусот, делот од мозокот одговорен за учење и снаоѓање во просторот. Покрај тоа, ова е делот од мозокот во кој се создаваат нови сеќавања.rnrnЕдинствен начин да ги спречите негативните последици е наместо постојано жалење, да се обидете да најдете решение за ситуацијата што ве фрустрира. Со други зборови, накратко пожалете се за проблемот, а потоа почнете да работите на решение.rnrnПогледнете и како постојаното жалење ја уништува вашата врска.