Артистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќи

Артистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќи

Шангајската артистка Хонг Ји со прекар Ред, за која веќе имаме пишувано претходно, повторно изненадува со својот исклучителен талент. Овој пат, таа пронајде уште еден креативен начин да искаже почит и признание кон една од најголемите пејачки на оваа генерација, Адел. Таа досега има нацртано портрет со дно од шолја извалкана во кафе, од сончогледови семки, па дури и со тапкање на баскет врз платно. Овој пат таа ја нацрта Адел со свеќи, како дел од нејзиниот проект во 4 делови, секој изработен со користење на некој од 4-те основни елементи: оган, вода, ветер или земја.Артистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќи

Во врска со овој проект таа вели: „Песната на Адел „Set Fire to the Rain“ ме инспирираше да употребам свеќи и оган како материјал за сликање, бидејќи според мене, таа во песната најверојатно пее за болката која ја чувствува од некоја пропадната љубовна врска. Дождот е метафора за солзите кои таа ги проплакала и притоа таа го пали огнот, за да ја изгори и уништи болката којашто ја чувствува. Употребив сини свеќи, кои ги репрезентираат нејзините солзи и со нивно запалување, тие се топат и растекуваат, формирајќи портрет од Адел.“

Артистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќиАртистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќиАртистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќиАртистка ја „наслика“ страсната Адел со разгорени свеќи



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар