10 работи кои го издаваат дека ве лаже

Сподели

Доколку се сомневате дека вашето момче ви прави нешто зад грб, тогаш неговиот говор на телото или неговите постапки, можат да го издадат. Внимателно следете го секој нов потег и извлечете ја вистината од него.

Реклама

rn

1. Следете ги неговите нозе

rnДоколку некој ги прекрстува нозете или пак ги витка околу ногарките на столот тогаш тоа е индикација дека крие нешто.rn

2. Пауза пред одговор

rnДоколку ги прашате некое директно прашање како „Каде беше вчера?“ или „Дали ме изневеруваш?“ и доколку по тоа следи пауза или повторување на прашањето, тогаш тоа најчесто значи неволја.rn

3. Палците во џеб

rnДоколку тој стои додека ви се обраќа и неговата рака е целосно во џеб, тогаш тој се чувствува нервозно. Ваше е да дознаете зошто.rn

4. Не знае да раскаже обратно

rnДоколку некоја приказна ви звучи нелогично, натерајте го да ви ги прикаже настаните обратно. Кога некој раскажува измислена приказна, многу му е потешко да ја прераскаже кога малку ќе му ги измешате настаните, па така лесно ќе ја извлечете вистината на виделина.rn

5. Поткревање на рамениците во незгодни ситуации

rnДоколку дефанзивно ви вели „Вчера бев излезен со другарите“ и истовремено ги поткрева рамениците, тогаш тој крие нешто од вас. Тоа движење посочува дека потсвесно не верува ни самиот во тоа што го вели.

rn

6. Постојано ги употребува сврзниците „но“ и „ама“

rnДоколку неговите реченици почнуваат од типот: „Знам дека ќе мислиш дека ова што ќе го кажам е чудно, но…“ или „Знам дека нема да ти се верува, ама…“ шансите се големи дека наредното нешто што ќе го каже е лага.rn

7. Неговиот јазик ќе го издаде

rnДоколку му поставите прашање и тој во истиот момент го вади малку јазикот од устата или ги лизнува усните пред да одговори, тој верува дека ќе најде начин да се извлече од некоја ситуација и да ја заобиколи вистината.rn

8. Зјапа во вашите очи

rnПонекогаш, лажговците имаат толку силна намера да ви ја докажат нивната искреност, што ќе ве гледаат во очи прилично долго време, обидувајќи се да ви докажат дека нема што да сокријат.rn

9. Не може да ја адаптира приказната

rnСамо лажгото е неспособен и има има проблем да ја прилагоди приказната, доколку една компонента од неговата сторија е побиена. Па доколку сте решени од него да ја извлечете вистината на виделина, а тој и понатаму одбива да ја смени неговата приказна и се држи само до она што го измислил, бидете сигурни дека ве лаже.rn

10. Си го допира лицето дур ве лаже

rnЛажгото не сака да ви дозволи премногу да го анализирате неговото лице и однесување. Затоа, тој честопати несвесно ќе ги приближи рацете до неговото лице за да си го почеша носот, окото или да си ја погали брадата, за да ги „блокира“ зборовите кои излегуваат од неговата уста, со цел да се заштити од вас.

Популарно

Може ќе ве интересира