Првата мултимедијална маица
„TshirtOS“ е првото парче облека со мултимедијални карактеристики. Оној што ќе ја облече 100% памучната маица ќе има можност од своите гради и стомак да праќа пораки, да прави фотографии, а потоа и да ги споделува на социјалните мрежи и да разменува податоци преку блутут. На крај, ќе може да ја стави во машина и да ја испере.Изненадувачки, „ТshirtOS“ е последица на соработката на текстилната компанија „CuteCurcuit“ со производителот на виски „Ballanitne’s“. На нејзиниот преден дел е вграден ултратенок екран со диманзии 32х32 цм, кој безжично се поврзува со ајфон. Покрај тоа, на неа ќе биде вградена и мала камера со димензии 2.5х2.9х2.5 мм. На маицата ќе може да се обработуваат фотографиите, да се пушта музика, а достапен ќе биде и „Google Translate“. Сето тоа ќе може да се види на екранот.Засега „ТshirtOS“ е само прототип за кој не е одредена ниту цената, ниту времето на пуштање во продажба.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.