Шаренилото кое блика од овие градови веднаш ќе ве примами да ги посетите, а несомнено и повторно да им се навратите за да го почувствувате нивниот шарм.rn
Риомаџоре, Италија
rnОва мало гратче сместено во делот на Италијанското крајбрежје, Чинкве Тере е популарна туристичка атракција. Она што му дава посебен шарм и убавина се прекрасните обоени куќи залепени еднa до другa. Освен доброто вино, Риомаџоре нуди незаборавна прошетка по Патеката на љубовта.
rn
Нихавен, Данска
rnНихавен е крајбрежен град кој датира од 17-от век. Ова место е познато по разновидниот забавен живот кој го нудат многубројните барови и ресторани. Дрвените историски бротчиња се посебна атракција кои дополнително го разубавуваат ова навистина интересно место.
rn
Гванахуато, Мексико
rnОва мексичко гратче познато по богатата шпанска архитектура е основано во 1554 година. Поради својата местоположба, улиците се тесни и многу од нив се забранети за автомобили. Прекрасните згради ја добиле својата боја од розовиот и зелениот песочен камен, кој се користел при нивната изградба.
rn
Џодпур, Индија
rnОвој град е познат и како „Синиот град“, поради сините куќи кои можат да се забележат оддалеку. Се верува дека куќите се фарбани сино како резултат на класниот систем во Индија. Друго верување е дека жителите на овој град, побожните Брахмини, ги обоиле нивните домови во сино за да се разликуваат од останатата популација.
rn
Валпараисо, Чиле
rnВо буквална смисла овој град значи Рајска Долина. Поседува богата архитектура, калдрмисани патишта и интересни палати. Поради својата уникатност, овој град е заштитен од УНЕСКО.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

