100 години Олимписко лого
Во далечната 1912 година, точно пред 100 години, беше дизајнирано првото Олимписко лого од страна на баронот Pierre de Coubertin, таткото на модерните Олимписки игри. На добро познатото лого се претставени 5 вкрстени кругови, обоени во сина, жолта, црна, зелена и црвена боја на бела позадина, претставувајќи ги петте делови на светот. Сината е за Европа, црната за Африка, црвената за Америка, жолтата за Азија и зелената за Океанија. Обоените кругови со своите бои ги опфаќаат сите национални знамиња кои постоеле во светот во тоа време. Овој симбол е универзален и ја означува постојаноста и континуитетот на човечкото постоење.
Секоја Олимпијада покрај универзалниот симбол има и свое посебно лого, што ја прави уникатна и различна од останатите. Од првата Олимпијада во Париз во 1924 година, па сè до денес, дизајнерските трендови се доста сменети. За разлика од порано каде преовладувале црно-бели логоа, последните симболи се со впечатливи бои и имаат многу поедноставни и чисти линии. Погледнете ја листата со вкупно 33 логоа дизајнирани во последните 100 години.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.