Лоцирана на околу 3,7 км над морското ниво, Салар де Јони е мистична солена рамнина која се наоѓа во Алтиплано, Боливија. Во врнежливиот период, кога солената пустина е покриена со вода, таа создава неверојатна природна рефлексија, како еден вид џиновско огледало, при што создава илузија како луѓето кои газат по неа, да чекорат по вода.rnrn
rnrnИ покрај тоа што солената рамнина е убава сама по себе, сепак во комбинација со водата создава еден неверојатен надреален резултат. Таа е особено извонредна во облачните денови, кога изгледа како нејзините посетители да се упатиле на прошетка накај небесните широчини.rnrn

rnrnПрекрасната метаморфоза која се случува на соленото земјиште долго 10.582 квадратни километри, кое воедно претставува и најголема солена рамнина на светот, е навистина една вчудовидувачка природна појава, која е прекрасно да се доживее и види. Во неа се крие мистериозна убавина кога ќе се искомбинираат навидум бесконечната мокра солена пустина, со синото небо со пувкасти облачиња. Посетителите, никогаш не изумуваат да ја документираат ваквата рајска сцена, позирајќи на различни интересни начини пред фотоапаратот.rnrn




rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
