Иако комарците можат да пренесат и некои смртоносни болести, сепак за повеќето луѓе тие се досадни инсекти чиј убод може да донесе само чешање. Сепак, со чешање само го зголемуваме проблемот, бидејќи тогаш кожата пука и местото на убодот се изложува на поголем ризик за инфекција. Чешањето предизвикува и поголема иритација, што може да води и кон болка. Постојат неколку сосема природни начини за ублажување на чешањето кое се појавува по убодот од комарец.rnrn
rn
Ладна терапија со мраз
rnОваа терапија носи моментално олеснување. Ледот ги умртвува нервните завршетоци и помага да не чувствуваме болка или чешање.rn
Оцет и мед
rnОцетот поради својата киселост и медот благодарение на своите антиинфламаторни и антибактериски својства, исто така можат да придонесат да се намали чешањето.rn
Сода бикарбона
rnСода бикарбоната е алкално соединение кое може да го неутрализира pH балансот на кожата. Благодарение на тоа се намалува и воспалението на површината на кожата.rn
Листови од босилек
rnЛистовите на босилекот содржат камфор и тимол, две хемиски соединенија кои го ублажуваат чешањето.rn
Кора од банана
rnХемиските соединенија и супстанции во кората на бананата исто така можат да ви помогнат. Со внатрешниот дел од кората, мачкајте го делот каде што сте убодени од комарец.rn
Алое вера
rnИако примарно се користи како лек за изгореници, алое верата е одлична и кога станува збор за убод од комарец, бидејќи го намалува чешањето и воспалението.rn
Мешавина од вода и млеко
rnМешавината од вода и млеко нанесена на местото на убодот, исто така го намалува отокот,чешањето и воспалението.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
