Делови од телото кои забораваме да ги заштитиме од сонце

Сподели

Пред одење на плажа секој човек убаво се мачка со крема со заштитен фактор од сонце по целото тело, за да не изгори од силните зраци. Но, никој не помислува дека има делови од телото кои можат да настрадаат поради тоа што несвесно забораваме да се погрижиме за нив. Затоа, следниот пат кога ќе излезете на сонце не заборавајте да нанесете заштитна крема и на следниве места.

Реклама

rn

Ушите

rnНема ни да ви текне дека ушите можат да настрадаат од силното сонце, сè додека не ви изгорат. Доколку не сакате тоа да се случи, внимавајте на нив.rn

Темето

rnВрвот на главата е постојано изложен на силното сонце и најчесто прв се загрева. Внимавајте на овој дел од телото, носејќи шешир или капа.rn

Внатрешниот дел од рацете

rnДоколку случајно заспиете на плажа со рацете над глава, добар дел од вашата кожа која најверојатно не сте ја заштитиле со крема,  ќе ја изложите на силното сонце. Обрнете внимание убаво да ги намачкате целите раце, од сите страни.rn

Стапалата

rnСтапалата исто така се многу осетливи кога станува збор за изгореници од силно сонце. Доколку не ги мачкате, задолжително почнете да го правите тоа.rn

Очните капаци

rnСигурно внимавате на лицето пред да излезете на сонце, но ретко кому му текнува да ги намачка очните капаци. Кревката кожа на очните капаци, може да ви направи големи проблеми доколку не се погрижите за неа.rn

Кожата под костимот за капење

rnКостимот за капење заштитува, но не целосно. Затоа задолжително треба секогаш убаво да се намачкате и под него. Исто така, во текот на денот, вашиот костим постојано се поместува, па може да се случи да изгорите на тој дел од телото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира