КАФЕ ПАУЗА

Сериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно внимание

Сериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно внимание

Кога станува збор за надворешната убавина, многу несакани појави знаеме лесно да ги прикриеме со шминка или некој веќе испробан трик. Но постојат одредени проблеми кои се посериозни отколку што мислиме, и на кои треба да им се обрне внимание за да не дојде до несакани последици. Еве што советуваат експертите.rnrnСериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно вниманиеrn

Истенчена, кршлива коса

rnВаши претпоставки: дека е резултат од претерана употреба на пегла или фен за коса или пак резултат од стареењеrnrnМожна причина: недостаток на протеиниrnrnОбјаснување: Недостатокот на протеини може да придонесе до опаѓање на косата и значително да го успори нејзиниот раст. Оваа појава е најчеста кај вегетаријанците, но и кај сите оние кои не конзумираат доволно протеини. Пожелно е да конзумирате што е можно повеќе риба, пилешко и зрнест зеленчук.rn

Пеги на усните

rnВаши претпоставки: незначајна појава на која не треба да се обрнува внимание или штетен ефект од сонцетоrnrnМожна причина: Peutz-Jeghers (Пеуц-Јегерс) синдромrnrnОбјаснување: Без паника, во повеќето случаи пегите на усните се безопасни. Доколку се виолетови, би можеле да бидат симптоми на Пеуц-Јегерс синдромот. Ова е генетско нарушување кое може да резултира со рак. Доколку се појави какво било сомневање од ваша страна, би требало веднаш да се консултирате со лекар, дерматолог.rnrnСериозни промени во нашиот изглед на кои не обрнуваме доволно вниманиеrn

Темни кругови околу очите

rnВаши претпоставки: резултат на стрес или непроспиени ноќиrnrnМожна причина: хронични алергииrnrnОбјаснување: Алергиите можат да се појават од многу причини, најчесто не им обрнуваме внимание бидејќи сме секојдневно изложени на нив. Доколку се алергиска реакција, состојбата може да се влоши од чешање и константно допирање на круговите околу очите. Доколку ви се појавуваат одредено време и покрај тоа што сте одбегнувале стрес и сте спиеле добро, консултирајте се со лекар бидејќи во тој случај најверојатно станува збор за некаква алергија.rn

Линии на ноктите и промена на нивната боја

rnВаши претпоставки: последица од користење на лакови и отстранувачи на лак за нокти или повреда на ноктотrnrnМожна причина: посериозно нарушување на здравјетоrnrnОбјаснување: Секогаш кога ќе го отстраните лакот за нокти, добро погледнете ги вашите нокти и проверете дали има некаква промена на нив. Во повеќето случаи, промената на бојата (како пожолтување на врвовите) е последица од лакот за нокти. Но може да биде недостаток на витамин, штета предизвикана од УВ зраци или синдром на рак. Иако последната опција е најверојатно дека не е причината, доколку состојбата на вашите нокти не се промени во рок од еден месец, задолжително посетете доктор.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.