Секој од нас некогаш се нашол во непријатна ситуација. Отворениот патент, лошиот здив и слични на нив ситуации се едни од најзасрамувачките моменти кои сите ние барем еднаш сме ги доживеале. Дознајте кои се најчестите засрамувачки ситуации и како колегите реагираат на нив.
rn
Имате нешто во носот
rnАко почувствувате дека нешто ве скокотка во носот, нормално е да проверите што е тоа. Само 33% од колегите би се осмелиле да му кажат на својот надреден дека нешто ѕирка од неговиот нос. 50% би му го кажале тоа на соработник со кој се на исто ниво, додека 46% ќе му го кажат истото на колега на пониско ниво.rnrn
Отворен патент
rnОваа ситуација може да биде засрамувачка не само за оној кој заборавил на својот патент, туку и за оној чиј поглед заталкал и го забележал отворениот патент. Според спроведените анкети, 67% од колегите би ви кажале дека патентот ви е отворен. 62% би посочиле кон отворениот патент на колега од пониско ниво, а 50% би го направиле истото на колега од повисок ранг.
rn
Несредена коса
rnВо последно време во тренд е косата да ви биде по малку бушава, затоа размислете пред да го предупредите колегата да се исчешла. Ако сте на висока позиција, нема да добиете многу критики околу неуредната фризура затоа што само 13% од колегите би се осмелиле да ве критикуваат. 30% ќе му го посочат тоа на соработник од исто ниво, а 33% на колега од понизок ранг.rnrn
Храна меѓу забите или на лицето
rnНа сите ни се случило да забележиме кечап околу устата или парче спанаќ помеѓу забите дури откако ќе се погледнеме во огледало, неколку часа после оброкот. И тогаш следува прашањето: Зошто никој не ни кажал? 66% од колегите би ви кажале. Половина од нив би му кажале на својот надреден, а 60% би го опоменале својот подреден.
rn
Дамка на облеката
rnПовеќето луѓе сами ги забележуваат дамките на облеката, но и вашите колеги нема да пропуштат да ги истакнат. Половина од соработниците сигурно би ви укажале на дамките. 47% ќе ги искоментираат дамките на колегите од пониско ниво, додека 34% ќе ги искоментираат дамките на колегите од повисоко ниво.rnrn
Лош здив
rnСите четки и пасти за заби на светот не можат да ви помогнат во борбата против лошиот здив, посебно ако сте имале бурна ноќ. Да укажете некому дека има лош здив е специфична работа, па затоа само една третина од колегите би се осмелиле на таков чекор. 29% би му укажале на лошиот здив на колега од понизок ранг, а само 14% имаат храброст да го искоментираат здивот на колеги од повисоко ниво.
rn
Не сте соодветно облечени
rnДали вашата облека е премногу секси, прекратка, претесна или секојдневна, е нешто што само 10% од вработените би му кажале на колега кој е на повисоко ниво од нив. Наспроти ова, 37% ќе ја искритикуваат облеката на колега кој е на исто ниво, а 32% своите забелешки за облеката ќе му ги кажат на колега кој е на пониско ниво од нив.rnrn
Ви треба вода и сапун
rnКога работата буквално смрди, постои културен начин да го известите колегата, без тоа да биде сфатено како навреда. Само 28% од вработените би му препорачале туш на колегата од исто или пониско ниво. Истото тоа би го направиле 11% ако колегата е од повисок ранг.
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
