Јамајка е добро познат тропски рај во Карипското Море прославен по хедонистичкиот стил на живеење. Разгледајте ги следните фотографии и факти од преубавиот остров кои ќе ви го доближат тамошниот егзотичен амбиент.
Јамајка важи за една од најпопуларните туристички дестинации. Изобилува со национални паркови, брзи реки, водопади, пешачки патеки и, се разбира, прекрасни плажи, меѓу кои најпознати се Севен Мајл, Бостон Беј, Докторс Кејв, Очо Риос, Негрил, итн. Шарениот подводен свет околу островот е магнет за нуркачите, а пешачките патеки во спектакуларните џунгли ги привлекуваат авантуристите од целиот свет.

Тропската природа на островот е извонредно место за живот на многу егзотични животински и растителни видови. Сепак, прошетките во дивината не се опасни, особено ако се земе предвид дека змиите таму се многу ретки. Истребени се од мунгосите, кои претходно биле донесени за да ги истребат стаорците.rnrnЖивописните предели од бели песочни плажи над кои се издигаат планини со разновиден див свет се резултат на тропската клима и повремените поројни дождови. Затоа од првите доселеници островот бил наречен „Xaymaca“, што значи „Земја на шуми и вода“.

Првиот народ кој ја населил Јамајка биле Араваките. Тоа бил мирољубив народ дојден од Јужна Америка чиј живот поминувал во хармонија со природата. Нивното хедонистичко секојдневие било исполнето со јадење, пиење, танцување и пеење.rnrnДенеска во Јамајка живеат народи со најразлично потекло: доминираат оние со африканско потекло, а има и такви со ирско, либанско, сириско, шкотско, германско, итн. Сите тие комуницираат главно на англиско-африканско-креолскиот јазик наречен јамајкански патоа, иако официјален е англискиот.rnrnЗнамето на Јамајка има три бои: црна, жолта и зелена. Црната ги означува пребродените тешкотии од историјата и оние кои допрва ќе дојдат, жолтата ги симболизира тропското сонце и природните богатства, а зелената ги означува надежта и дивата природа на островот.

Народот во Јамајка е многу религиозен, а тоа се обидува да им го пренесе и на децата. Затоа секое утро во јавните училишта започнува со молитва.rnrnИако островот не е многу голем, дел од него сè уште е неистражен. Има еден мал дел кој е населен од Маруните, африкански робови кои по бунтот и ослободувањето од Британците оформиле свои населби длабоко во џунглата, а по извесно време стекнале и извесна автономија.rnrnСамо Американските атлетичари имаат освоено повеќе олимписки медали од јамајканските. И покрај тоа, Јамајка важи за земја од која доаѓаат најбрзите луѓе на светот. Од таму доаѓа најбрзиот спринтер на светот Јусеин Болт, а од седумте најбрзи спринтери во историјата, дури пет се од Јамајка.
На Зимската олимпијада во Калгари во 1988 година, тимот на Јамајка во бобслед (санкање) на оваа островска земја ѝ даде статус на прва тропска земја која учествувала на Зимски Олимписки игри. Нивниот подвиг беше инспирација за филмот Cool Runnings.rnrnСелото Најн Мајл во рурална Јамајка е родното место и вечното почивалиште на најпознатиот Јамајканец и крал на реге музиката, Боб Марли. Таму му е изграден мавзолеј кој на посетителите им дава можност да видат многу предмети кои му припаѓале нему, меѓу кои и „рок перницата“ на која легнувал секогаш кога барал инспирација.rnrnЈамајканските убавици се на четвртото место на вечната листа според наградите освоени на Мис на светот (што не е исто со Мис Универзум), веднаш зад Индија, Велика Британија и Венецуела. Во случајов се сметаат и титулите за прва и втора придружничка и разните награди кои ги доделуваат организаторите.
Јамајканците често можат да уживаат во феноменот сина месечина. Оваа појава се случила дури шест пати во последните 40 години.rnrnИако одгледувањето и поседувањето марихуана е забрането, законите поврзани со неа ретко се почитуваат, што само го зацврстува статусот на хедонистички остров.rnrnСпоред извештаите на Обединетите Нации, Јамајка има една од највисоките стапки на убиства и на улично насилство во светот.rnrnВо Јамајка сè уште се практикува обеахизмот, вуду магиски ритуал кој може да донесе добро или зло. Се казнува со затвор согласно Кривичниот закон на земјата.








rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
