Интересни факти за впечатливите морски ѕвезди
Морските ѕвезди (asteroideа), всушност не се риби – туку сосема различен и посебен вид. Нивната должина може да биде од 5 до 20 сантиметри со тежина од 0,1 до 6 килограми. Морските ѕвезди се најпрепознатливи по своите „раце“ кои се протегаат од центарот на нивните симетрични тела. И покрај тоа што најпознатиот вид е петокраката, можат да се сретнат и морски ѕвезди со по 40 до 50 „краци“. Тие немаат мозок, ниту пак крв, но како замена за нив имаат филтрирана морска вода.
Можат да се најдат повеќе од 2.000 видови морски ѕвезди низ светот. Некои преферираат потопла вода, додека пак други повеќе ги сакаат ниските температури, дел од нив живеат во плиткото покрај бреговите, а останатите живеат во најдлабоките делови на океанот. Тие полека се движат на дното на океанот со помош на многу „нозе“ во форма на тубички кои се наоѓаат на долниот дел од нивното тело. Исто така имаат и „чашки“ со способност за вшмукување со чија помош стојат цврсто на дното.
Диетата на морските ѕвезди се содржи од остриги и школки. Тие имаат 2 стомака кои им помагаат со исхраната. Мал дел од нив можат да ловат со „рацете“ така што ги отвораат школките и откако ќе завршат, нивниот стомак излегува низ нивната „уста“ влегува во отворената школка и ја вари храната пред да се врати во сопственото тело.
Морските ѕвезди имаат неколку начини на справување со предатори. Некои од нив продуцираат силни и интензивни бои со кои или се камуфлираат или го плашат противникот. Нивната ковчеста кожа со калциум исто така им помага во одбрана од заканите на морското дно. Во случај кога тие при напад ќе изгубат една или повеќе „раце“ за многу брзо време им растат нови, додека пак изгубениот „крак“ може да се регенерира во сосема нова морска ѕвезда. Ова е можно бидејќи поголемиот број на нивните витални органи се наоѓаат во нивните „раце.“
Овој неверојатен вид има и извонредна способност да си го смени својот пол доколку сака. Женските морски ѕвезди испуштаат до 2.000.000 (во просек околу 1.000.000) јајца во океанот кои чекаат да бидат оплодени од машките. По оплодување настануваат ларви кои околу 3 недели си пливаат наоколу. Потоа наоѓаат некое побезбедно место и се метаморфозираат во најчестата форма на морска ѕвезда.
Покрај нивните фасцинантни способности и уникатен начин на живот кој се издвојува од другите живи форми на Земјата, тие се најпрепознатливи по впечатливите бои во кои можат да бидат забележани. Погледнете ги и останатите фотографии од оваа неверојатна колекција за морските ѕвезди…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.