Најновото од Ферари е наречено Ferrari Sp12 EC. Она EC на крајот е додадено во чест на Eric Clapton. Музичката легенда е страстен обожавател на италијанскиот спортски убавец, па и самиот поседувал три во минатите години. Сега ќе има можност да вози и четврт, кој е произведен во само еден примерок, дизјаниран специјално за него.
Моделот е изработен според Ferrari 512 BB, омилениот на Клептон. Дизајниран е од страна на Ferrari Style Centre во соработка со Pininfarina и инженерите во фабриката во Маранело. Изработката ја извеле „нота по нота, кои кога ќе се спојат заедно создаваат прекрасна симфонија во достигнувањето на Ферари“. Клептон го изразил своето воодушевување велејќи дека работата на проектот посветен на него била „како да стои пред огромно бело платно кое требало да биде насликано“.

rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
