Претходно
Ирско кафе со лешник
Датум: 01 јун 2012
Коментари: 0
Одличен вкус, кој ќе ве стопли во овие поладни пролетни денови…Потребни состојки:
- 40 мл ликер од ирски крем
- 40 мл ликер со вкус на лешник
- 60 мл топло еспресо
- шлаг
- чоколадни трошки
Начин на подготовка: Ликерите и еспресото сипете ги во шејкер и убаво измешајте ги. Добиената смеса сипете ја во стаклена чаша. Одозгора декорирајте по избор со шлаг и со чоколадни трошки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.