Многу важно при избирањето на вистинските бои е одредувањето на онаа која на личноста најмногу ѝ прилега. Пронајдете се во типовите на кожа кои се наведени подолу и погледнете кои бои вам најдобро ви прилегаат.rnrnВидовите кожа на луѓето може да се поделат според годишните времиња:rn
Зима
rnКожа која е бледа, жолтеникаво-маслинеста или темна – луѓето со ваква кожа најчесто се бринети, со интензивна боја на очите. Тука спаѓаат и Афроамериканците и Азијците.rnrnДоколку се пронаоѓате во описот, треба да носите бои кои се чисти, остри и силни. Бела, црна, морнарско сина, црвена и вжарена розе боја одлчино одговараат на ваков тен. Се препорачува да се носат повеќе ладни бои, отколку пастелни нијанси. Избегнувајте ги портокаловата, беж и златната боја.rnrn
rn
Лето
rnКожа која е бледа и розеникава – оваа кожа е најкарактеристична за русокосите и бринетите со светли очи.rnrnОние кои се пронаоѓаат во оваа група треба да ги одберат пастелните и меките неутрални бои, комбинирајќи ги розевите и сините нијанси. Лаванда, слива, розе, кафена и сина се бои кои се препорачуваат, додека црна и портокалова треба да се избегнуваат.rnrn
rn
Есен
rnТука спаѓаат луѓе со златести тонови на кожата. Оваа категорија е карактеристична за црвенокоси и бринети со потемна боја на очите.rnrnНосете златна, кафена, беж, портокалова и темно кафена боја. Одбегнувајте ги сите нијанси на сино.rnrn
rn
Пролет
rnКожа која е во боја на праска и крем. Тука спаѓаат луѓе кои имаат пеги, румени образи, зелени и сини очи и светли бои на косата.rnrnОние кои се најдоа во оваа група треба да носат топли бои, како златна, жолтеникава, златно-кафена и боја на праска. Треба да одбегнуваат темни, досадни бои.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
