Интересни магнети за фрижидер

Сподели

Овие интересни магнети можат да ви дојдат како интересен нов детаљ во вашата кујна. Нивната практичност секогаш може да ви послужи за да не заборавите нешто или пак за да им оставите порака на вашите најблиски. Следниве неколку креативни магнети ќе ве воодушеват, а најдоброто од сѐ е што доколку ви се допаѓаат, можете веднаш да си порачате некој од нив преку интернет.rnМагнетите во облик на ајфон апликации имаат двојна примена. Покрај основната и естетската, нив ќе можете да ги искористите и како потсетник за вашата наредна активност (готвење, телефонски повик, читање весник и слично). Сетот со магнети ќе биде ваш за 12, 36 долари.

Реклама

Нинџа ѕвездичките се навистина несекојдневен и впечатлив додаток за вашиот фрижидер. Иако чинат 18 долари, вредат да се имаат.rnОвој стилски магнетен календар е направен од дизајнерот Серхиј Чеботарјов. Лесно приспособливиот календар, ќе ви овозможи потенцирање на важните датуми и лесно планирање на работните обврски.rnИнтересен дизајн за сите љубители на филмот „Војна на Ѕвездите“. Дел од ликовите изработени во лего стил, отсега ќе можат да го красат вашиот фрижидер. Цената на овие магнети е 24, 5 долари.rnДигиталната фото рамка е одлично и впечатливо парче, кое ќе ве потсетува на убави моменти и спомени кои сте ги овековечиле со фотографии. Откако ќе ги внесете сликите во мемориската картичка на рамката, тие ќе се вртат една по друга, во вид на слајд шоу. Чини нешто повеќе од 34 долари.

Популарно

Може ќе ве интересира