Одбирам да блескам!

Сподели

Пред вас е уште еден прекрасен ден, на повидок ви е успешен период, но не затоа што така пишува во вашиот хороскоп, туку бидејќи вие сте одлучиле дека го сакате тоа. За сè што посакувате вреди да се борите, а истото може да го имате.

Реклама

Вдишете длабоко и на глас кажете ги вашите брилијантни квалитети, зашто не е срамота да се цените, туку е крајно глупаво да се потценувате!rn

Прв чекор – самодоверба

rnЈас сум девојка која ужива во својата несовршеност и е посакувана поради нејзината несовршеност, јас сум девојка која го сака својот одраз во огледало и која не мисли дека е грев да се сакаш самиот себе.rn

Втор чекор – борбеност

rnМене не ме гушат животните проблеми, јас сум борец и ги победувам, мене ме гушат глупавите непишани правила во општеството и затоа грубо газам по нив и ги прекршувам. Не, никој нема да ми застане на патот кога имам цел и причина!rn

Трет чекор – потхранување на егото

rnЈас одлучувам каде одам, што ќе правам и како ќе правам, зашто самата сум своја господарка, самата владеам со својата душа и со своето срце. Јас сум девојка која преболува скршено срце со чаша добро вино, а не со лигави филмови, јас сум девојка која животот може да ти го претвори во рајска градина, но и во вистински пекол.rn

Четврт чекор – самостојност

rnЈас сум жена, која не мора да шета на работа по кусо здолниште за да биде ценета и забележана, јас не сум материјал за потхранување на нечие его и нечија машкост. Јас сум девојка која одлично функционира кога е сама без да биде зависна од маж, бидејќи и самата чекорам доста стабилно, па не ми треба некој за да ми одржува баланс во животот.rn

Петти чекор – стоп за лажните идоли

rnЈас не се восхитувам на глупави и плитки личности, јас се борам да оставам значаен белег за другите да ми се восхитуваат мене, но не поради моето богатство и работите кои ги поседувам, туку поради способноста да бидам единствена, успешна и неповторлива. Во меѓувреме мојата инспирација ќе бидат длабоките луѓе, паметните, борбените, иновативните, различните…rn

Шести чекор – мојот животен избор

rnОдбирам да бидам среќна, жедна за знаење, инспиративна и оригинална. Прекрасна сум и го знам тоа, а мојот животен избор е да оставам трага со своето постоење!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира