Доколку некој во овој момент ве праша за што би ѝ се заблагодариле на вашата мајка, кој би бил вашиот одговор?rnrn
rnrnТокму тоа била идејата на Мајкл Марантс, кој на денот на мајката во Америка решил да прошета низ улиците во Њујорк и да го поставува ова прашање на случајни минувачи. Некои од нивните одговори биле сосема очекувани, но повеќето од нив биле уникатни, интересни и неодоливи…rn
„Ти благодарам зашто ми помагаш со мојата домашна работа.“
rn
„Ти благодарам зашто ме запозна со панк музиката кога бев млад.“
rn
„Ти благодарам што ме научи како да се смеам.“
rn
„Ти благодарам што ме извади од неволја кога ја запалив шумата.“
rn
„Ти благодарам што ме научи на мелодијата на животот.“
rn
„Ти благодарам зашто си откачена, зашто танцуваш спонтано и се забавуваш.“
rn
„Ти благодарам што ми дозволи да те сакам.“
rn
„Ти благодарам што ме научи да ги ценам малите нешта.“
rn
„Ти благодарам зашто стоиш покрај мене без разлика на тоа колку глупави избори правам.“
rn
„Ти благодарам зашто не се откажа од мене кога избегав од дома.“
rn
„Ти благодарам зашто си секогаш тука кога ми треба рамо за плачење.“
rnПогледнете ги и останатите одговори во ова необично видео кое со сигурност ќе ве замисли, но истовремено и ќе ве насмее.rnrnrn
„Би ви бил многу благодарен доколку го споделите ова видео со вашата мајка. Мојата цел е да направам колку што можам повеќе мајки среќни“ – вели Мајкл.
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
