Секој родител го посакува само најдоброто за своите деца. Сепак, во трката наречена „живот“, забораваме да им се посветиме доволно и да им го понудиме потребното внимание. А верувајте, тие мали ангелчиња повеќе од кој било го заслужуваат тоа! Ние сме тука да ве потсетиме на неколку едноставни лекции кои сите идни и сегашни родители треба секогаш да ги имаат предвид.rnrn
rn
Прегрнувајте
rnПрегратката е најдобриот лек да го утешите вашето дете кога плаче, кога е исплашено или едноставно да му кажете дека секогаш ќе бидете тука за него.rnrn
rn
Научете да слушате
rnКога зборуваат и раскажуваат нешто, внимателно слушајте. Детето ќе почувствува дека има свој соговорник, а со тоа ќе ја поттикнете неговата фантазија да раскажува за уште пошарени и волшебни светови.rn
Одговорете на секое прашање
rnДецата знаат да бидат „досадни“ и да поставуваат прашања за кои и ние возрасните немаме одговори: зошто паѓа дождот, зошто е небото плаво, колку е тешка земјата… Сепак, бидете креативни и смислете одговор за секое прашање. „Не знам“, никако не се прифаќа за одговор.rnrn
rn
Дозволете им да истражуваат
rnДецата сакаат да го истражуваат светот, а со тоа осознаваат за работите коишто ги опкружуваат. Дозволете им да шлапнат во кал, да се извалкаат со песок, да се намократ. Облеката секогаш може да се испере, но изгубената детска радост не можете да ја надоместите.rn
Научете ги да бидат културни
rnДецата учат од своите родители и затоа бидете добар пример. Ако вие им се обраќате со зборовите „те молам“, и „благодарам“, тогаш и тие ќе ги користат во својот речник.rn
Забавувајте се заедно
rnНема ништо поубаво од тоа кога сите дома сте заедно. Друштвените игри се одлична идеја за забава и докажување кој е подобар во играта. Доколку пак имате вишок енергија, одлична би била борбата со перници. :)rnrn
rn
Смејте се
rnСмислата за хумор се развива уште од мали нозе, а смеењето има позитивни ефекти како на децата, така и на родителите. Затоа, не морате да имате посебна причина за смеа. Ставете стар шешир на главата, обојте го лицето и насмејте го своето дете.rn
Несебично бакнувајте
rnДецата се многу посигурни кога се сакани. Имаат поголема самодоверба, среќни се и ја чувствуваат покажаната љубов. Оние деца што се сакани, понатаму како возрасни личности можат многу полесно да ги искажат и контролираат своите чувства и емоции.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
