КАФЕ ПАУЗА

Европски села кои ќе ви го одземат здивот

Европски села кои ќе ви го одземат здивот

Веб-сајтот „Foxnews“ составил една куса листа на најживописните села. Ова се мал дел од светски, не толку познатите места, на кои можете да се одморите и да си ја наполните душата од убавини.rn

Бибери, Англија

rnКамените куќички покрај патот „Arlington“ во селото Бибери во Англија, датираат од 14-от век и се најфотографираните во овој дел од земјата. Познатиот писател Вилијам Морис ова село го опишал како најубаво во цела Англија. Селцето е сместено крај реката Колн во централно-западниот ридест дел на Англија.rnrnЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотrn

Савока, Италија

rnСицилијанското село Савока е сместено на брдо помеѓу градовите Месина и Таормина на источниот брег од островот. Доколку сте во потрага по идилично место за одмор, ова мало селце навистина може да ви биде избор број еден. Во ова селце, се снимени и дел од сцените за култниот филм „Кум“.rnrnЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотrn

Венген, Швајцарија

rnБлагодарение на неговата локација, високо во Алпите и неговите традиционални дрвени куќички, швајцарското село Венген делува како да е од соништата. Кога ќе се додаде и фактот дека во селото е забрането да се возат автомобили, целокупната слика за местото е совршена.rnrnЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотrn

Чешки Крумов, Чешка

rnСелцето се наоѓа на реката Влтава, а е изградено околу дворци кои датираат од 13-от век. Дворците содржат готски, ренесансни и барокни елементи. Ова место е извонреден пример на средновековно селце чија градба останала недопрена. Токму од оваа причина од 1992 година, заштитено е од страна на УНЕСКО.rnrnЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотЕвропски села кои ќе ви го одземат здивотrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.