Кога уметниците порачуваат „Испери ме!“
„Испери ме!“ – ова сигурно барем еднаш сте го затекнале испишано на вашите автомобили. Сите различно реагираме на овие зборови, некои со насмевка, некои нервозно, некои засрамено, но никој со воодушевување. За таква реакција можеме да зборуваме доколу автомобилот го најдеме со некој од следните цртежи на Американецот Скот Вејд, чиј слободен превод е: „Прошетај ме!“ 🙂За разлика од останатите, нервозата кај Вејд заради честото валкање на автомобилите кулминирала во уметност. Да го извади најдоброто од целата ситуација му помогнал и татко му, кој во тој период цртал карикатури. Кога поминувал покрај „чкрапаниците“ на неговиот син, тој знаел со раката или со некое гранче да ги исенча и да им даде посебен шмек.
„Повеќе од 20 години живеев покрај долг и прашлив пат, каде автомобилите беа секогаш нечисти. Колку и да ги переш, тие за неколку дена повторно се валкаа. Правот од патот во централниот дел на Тексас е светло обоен и прави неверојатен контраст со сенката од внатрешноста на возилата. Кој може да се воздржи, а да не напише ‘Испери ме’ или ‘Посакувам жена ми да беше олку валкана’“, коментира Вејд за своите почетоци со уметноста врз автомобилите.
Со Вејд, автопералните можат да здивнат – креативноста може да стартува. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.