Кога патуваат, повеќето луѓе се трудат со што е можно помалку пари да видат и да се забавуваат што е можно повеќе. Ако припаѓате на ова огромно мнозинство, потрудете се по секоја цена да ги избегнете следните убави, но прескапи задоволства.rnrn
Хотели
rnНајскапата хотелска соба во светот е дел од хотелот „Президент Вилсон“ во Женева. Нуди панорамски поглед кон Женевското Езеро од едната и Мон Блан од другата страна. Вратите и прозорците се отпорни на куршуми, во една од дванаесетте соби е сместено едно пијано, друга служи како соба за билијард, трета како библиотека, а има и фитнес центар. Сето тоа чини 65.000 американски долари за една вечер.
rn
Тура со авион
rn„Smithsonian Journeys“ ја нуди најскапата приватна тура со авион. Наречена е „Културните и легендарни богатства на далечните земји ширум светот“, а ги опфаќа Јапонија, Папуа Нова Гвинеја, Индонезија, Виетнам, Бутан, Руанда и Јордан. При тоа туристите престојуваат во скапи хотели, а водичите доаѓаат од „National Geographic“ и неколку познати музеи. Ова 23-дневно патување чини 71.000 долари.rnrn
Крстарење
rnЦената на 124-дневно крстарење со луксузниот брод „Silversea Silver Whisper“ е неверојатни 1,5 милиони долари. За 12.000 долари на ден се добива префрлање до бродот од дома со хеликоптер, мермерни купатила, многу кавијар и егзотична глетка од вкупно 28 земји.
rn
Храна
rnНајскапата храна во светот може да се најде главно во САД. Омлет од 1.000 долари има во Њујоршкиот хотел „Ле Паркер Меридиен“, најскапиот кавијар чини 48.750 долари, а една пица во „Nino’s Bellissima“ во Њујорк може да се купи за 1.000 долари. Верувале или не, една порција макарони со сирење во ресторанот „Мелис“ во Калифорнија чини дури 95 долари, додека во Конектикат се продаваат најскапите чоколатца – нешто повеќе од еден килограм чини 2.600 долари.rnrn
Оброк во ресторан
rnНа менито на ресторанот „Арагава“ во Токио може да се најде само месо, но и покрај тоа е најскап ресторан во светот со просечна цена на оброкот од 217 долари. Тоа што нивното месо го прави посебно е фактот што се добива исклучиво од крави од видот Вагиу, коишто секој ден добиваат масажа, се хранат директно од раката на одгледувачите и пијат саке, само за да го дадат најсочниот бифтек што може да се замисли.
rn
Разни атракции
rnЦената на влезот во музејот „Бирле“ во Цирих е 25 швајцарски франци, за посета на забавниот парк на филмското студио „Јуниверзал“ во Орландо мора да издвоите 85 долари, а следење во живо на натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона чини повеќе од 250 евра.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
