Фасцинантни уметнички дела изработени од сол

Сподели

46-годишниот уметник и скулптор Мотои Јамамото од Хирошима, Јапонија за да ги материјализира своите уметнички визии користи обична сол. Неговите инсталации се исклучително интересни. Ги создава на големи површини, со неверојатна прецизност и трпеливост. На еден проект работи со месеци.

Реклама

Неговите дела имаат огромна сентиментална вредност. Тој ги изработува во чест на неговата сестра, која починала од тумор на мозокот во 1994 година. Кога го прашуваат зошто се одлучил токму за солта, Јамамото одговара:rn
rn

„Се чини дека солта е во тесна врска со животот надвор од времето и просторот. Покрај тоа, таа се поврзува и со смртта, особено во Јапонија. Овде ожалостените се попрскуваат со сол кога се враќаат од погреб, со цел да се заштитат од злото.“

Уметничките дела на Јамамото се привремени. Откако ќе заврши неговата изложба, тој солта повторно ја истура назад во океанот.


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира