Утринска гозба

Утринска гозба

Автор: Александра Чакаровска

Како резултат на различните традиции, навики, култури, постојат различни видови појадоци. Во некои земји тие се богати со разновидни јадења, додека во други појадокот е едноставен и претставува само премин до главното јадење. Запознајте се со најпопуларните појадоци во светот.

Англиски појадок

Еден од најпознатите и со сигурност најобилните појадоци во светот е токму англискиот. Порцијата обично содржи јајца, сланина, колбаси, грав, печурки и парче тост. Англичаните најмногу уживаат да појадуваат со шолја црн чај.Утринска гозба

Полски појадок

Полскиот појадок е познат како „јајечница“. Се подготвува од изматени пржени јајца и парчиња полска колбаса, која е ставена одозгора. Обично се служи со 2 палачинки од домати.Утринска гозба

Појадок во Шпанија

За разлика од англискиот и полскиот, шпанскиот појадок е далеку поскромен. Познат како Пан ала Каталана, овој појадок е доста вкусен и се подготвува мошне брзо. На парчиња леб се мачка свеж лук и одозгора се нанесуваат зрели домати. Се попрскува со малку сол и маслинов зејтин. Овој појадок може да се збогати со сирење, шунка или колбаси.Утринска гозба

Хавајски појадок

Поради тоа што Хаваи изобилува со овошје, овој појадок задолжително содржи некое овошно парче. Како додаток, хавајскиот појадок може да се сервира со ѓеврек.Утринска гозба

Појадок во Италија

Италијанците имаат прилично едноставен појадок. Кроасан со капучино е сосем доволно да ги засити до главниот оброк, во кој со сигурност пицата ќе доминира.Утринска гозба

Појадок во Тајланд

Во Тајланд, појадокот не се разликува многу од ручекот и вечерата. Се состои од зачинета риба, слатко-зачинето пилешко месо сервирано со ориз. Овој појадок има одличен вкус и е многу здрав.Утринска гозба

Руски појадок

„Олади“ е јадење кое можете да го пробате во Русија како појадок. Овој појадок е сличен на палачинки кои се меки внатре, а однадвор крцкави. Најдобро се комбинираат со мед, џем, павлака и свежи бобинки.Утринска гозба

Појадок во Јапонија

Популарен појадок во Јапонија е „тофу“ сирењето. Обично се служи со ориз и риба. Соја сосот е задолжителен додаток кој го збогатува вкусот на ова јадење.Утринска гозба

Унгарски појадок

Погачата е традиционален унгарски појадок. Толку е популарна што во нејзина чест преку целата година се организираат фестивали во различни делови на Украина. Рецептите за погачата се разликуваат зависно од тоа во кој регион се подготвуваат.Утринска гозба

Појадок во Турција

Појадокот во Турција е составен од различни видови јадења и е доста обемен. Обично, за појадок ќе добиете неколку видови сирења, путер, маслинки, јајца, домати, краставички, мармалад, мед и зачинето месо.Утринска гозба

Македонски појадок

Македонците се познати по тоа што денот го започнуваат со кафе, кое е најчесто турско. Откако ќе се расонат, појадуваат месени јадења како ѓеврек, банички, лиснато тесто и ги комбинираат со чаша јогурт. Сепак, најпознато и најомилено јадење за појадок е бурекот, кој може да се најде во различни варијанти – бурек со месо, бурек со сирење, бурек со спанаќ.Утринска гозба


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. kt Reply

    Makedonski pojadok – AJVAR i SIRENCE 😀

Остави коментар