По првиот флеш моб настан во 2003 година, оваа појава стана многу честа и доста популарна. Можеби првиот обид за флеш моб не беше успешен, но набрзо овие настани прераснаа во многу важни социјални збиднувања.rnrnФлеш моб претставува група на луѓе кои се среќаваат на одредено место во одредено време презентирајќи јавен настап со некаква цел. Најчесто, учесниците немаат многу време за подготовка, но нивните настапи изгледаат складно и синхронизирано.
Со тек на време, флеш моб настапите почнаа масовно да се користат низ целиот свет, со уметничка или едукативна цел, со намера да исмејат одредени навики во општеството, да изразат протест, негодување, да ја разбудат еколошката свест, да ги поттикнат луѓето на акција, или едноставно поради забава.rnrnОва се едни од најдобрите флеш моб настапи досега, кои ќе ве расположат и ќе направат да посакате да бидете дел од толпата.
rn
1. „Замрзнатиот“ Гранд Централ
rnОвој клип покажува над двесте луѓе кои без никакво објаснување се „скаменуваат“ во Гранд Централ во Њујорк и само по неколку минути исто како ништо да не се случило се „одскаменуваат“ и продолжуваат да одат.rn
rn
rn
2. Танцот на T-Mobile
rnИнвентивниот маркетинг трик на оваа компанија уште еднаш направи прекрасна атмосфера и настап за паметење.rn
rn
rn
3. Флеш моб во Охајо Јунион
rnТолпа од вработени и студенти во студентскиот центар Охајо Јунион, во текот на еден работен ден изведуваат танц без никаква најава, како вистинско изненадување за нивните колеги и посетители.rn
rn
rn
4. Звукот на До Ре Ми
rnЕден од најпозитивните и највеселите флеш моб настапи, кој дефинитивно им го разубави денот како на учесниците, така и на набљудувачите, а бога ми и на нас гледачите на интернет.rn
rn
rn
5. Во чест на Мајкл Џексон
rnВо Стокхлом, во два наврати, над 300 танчери му оддаваат почит на човекот кој навистина остави обележје со своето постоење.rn
rn
rn
6. Флеш моб на концерт
rnНа почетокот на настапот на Блек ајд пис во шоуто на Опра, една енергична девојка е единствената која танцува на музиката. Но, набрзо ù се придружува останатиот дел од публиката со веќе смислена кореографија.rn
rn
rn
7. Флеш моб на 100 сингл девојки
rnДевојките танцуваа на еден од најголемите хитови на Бијонсе. Овој флеш моб се случи во Лондон, а го издвојуваме како еден од најоригиналните.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
