Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат?

Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат?

Во обидот да го изведат своето дете на прав пат, родителите речиси секогаш наидуваат на ѕид поставен од адолесцентот кој е резултат на одредени разидувања во нивните ставови. Кои се оние работи кои родителите треба да ги имаат предвид кога го градат односот со детето-адолесцент?

Shto-bi-sakale-adolescentite-nivnite-roditeli-da-znaat-www.kafepauza.mk_

Адолесцентите си ги сакаат родителите

Во периодот на адолесценција детето има потреба да се дистанцира од родителите со цел да изгради свој сопствен идентитет. Тоа родителите го сфаќаат премногу лично и се обидуваат да го решат со рестриктивност. Сепак, дури и кога се чини дека тие не слушаат и само ги превртуваат очите, родителите мораат да продолжат со внимание да ги воспитуваат децата затоа што тоа е единствениот начин да израснат во здрави личности.

Времињата се променети

Родителите често напаѓаат со аргументот дека и тие некогаш биле млади, знаат како е, па денес не можат да се изначудат на однесувањето на младите. Сепак, треба да бидат свесни дека времињата се променети и дека да се биде млад во осумдесеттите години и денес не е исто. Моралот и целокупниот систем на правила за однесување драстично е променет, а адолесцентите не сакаат ниту да помислат да бидат неприфатени од средината.

2-Shto-bi-sakale-adolescentite-nivnite-roditeli-da-znaat-www.kafepauza.mk_

Неопходна им е поддршка да се справат со стресот

На децата им е потребен таков однос од страна на родителите којшто ќе им овозможи да си ги задоволат сите емоционални потреби, а притоа да научат каде се поставени границите за нивното однесување. Особено на тинејџерите им е неопходна помош да се справат со стресот кој го носат настаните на нивна возраст. Можеби ќе се изненадите, но тие сакаат понекогаш да им се каже „не“. Кога родителите им дозволуваат сешто, децата тоа го сфаќаат како негрижа и ќе се обидат преку лошо однесување да проверат дали родителите сè уште се грижат за нив.

Сакаат повеќе одговорност

Во брзањето да пораснат, адолесцентите се обидуваат да преземат одредени одговорности. Нивното исполнување и задоволството кое доаѓа од тоа се клучни за правилниот развој на личноста на адолесцентот. Затоа, родителите би требало да им даваат достижни задачи на нивните деца и да имаат целосна доверба во нивното исполнување. Сомнежот во нивните способности ќе ја разјаде нивната самодоверба.

Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат

Дури и „добрите“ деца грешат

Адолесцентите сакаат да ги проверуваат границите до каде може да се толерира нивното однесување. Тоа е еден од начините на којшто учат. Во ваква ситуација, родителите не треба веднаш на детето да му залепат „лоша“ етикета, со што и неговото поранешно добро однесување би го оцениле како лошо, туку со мирен разговор да откријат зошто тоа постапило токму така.

Што би сакале адолесцентите нивните родители да знаат

На децата, мислењето на родителите им е најважно на светот

Адолесцентите сакаат родителите да бидат горди на нив и да ги прифатат онакви какви што се. Иако родителите често ги споредуваат нив со другите деца, тоа не дава ефект затоа што тие го мразат тоа. Тие и онака по цел ден се споредуваат со другите и најчесто се чувствуваат несигурни поради тоа. Затоа родителот треба да го прифати своето дете и да му биде најголем поддржувач. Тоа ќе води до многу намален ризик да покаже негативно однесување.

Тинејџерите не сакаат да гледаат како родителите се караат

Во годините кога осознаваат како изгледа една љубовна врска, родителите им го даваат најсилниот пример на своите деца. Не е пожелно тие да гледаат како родителите се во конфликт, затоа што тоа може подоцна да го пресликаат и во своите врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар