6-годишно дете собрало 10.000 долари за да му помогне на татко му
Неколку денови откако Дру дознал дека татко му боледува од многу ретка форма на рак, решил да направи сè што може за да му помогне со медицинските сметки. Тој поставил штанд за продавање лимонада во дворот пред неговата куќа. Покрај штандот наместил знак на кој пишувало „Ве молам помогнете му на тато, 25 центи за лимонада“.На почетокот оваа идеја изгледала како многу мала работа и никој не се надевал дека 6-годишно дете би можело да собере многу пари со продавање лимонада. Но, за големо изненадување на сите, веста брзо се раширила и почнале да се појавуваат многу луѓе. За само неколку часа имало редици од коли околу целиот блок каде што живеел Дру, а до крајот на денот тој успеал да собере околу 10.000 долари за татко му.
„Тој е толку многу важен за мене, обожаваме да бидеме заедно поголемиот дел од времето. И двајцата сакаме да играме игри…“
Тој сакал да му помогне на татко му за да можат и во иднина да продолжат да поминуваат време заедно. Оваа неверојатна приказна е само уште еден доказ дека ништо не е невозможно. Сé што е потребно за голем успех е добра идеја, трпеливост и верување во себе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Немам коментар. Сите зборови се излишни.
Се убаво.. алал му вера на детето.. само една работа ме интересира…
10.000 долари ?
по 25 центи од чаша ?
детето продало околу 4-6 тона лимонада за еден ден? :)))))))))))))))))
Колку и да имал донации.. тоа е сепак преголема цифра.
навистина прекрасна работа, него се прашувам колку од тие 10.000 долари им отишле на лимони, шеќер и вода за правењето на лимонадата…. колку чисти пари собрало детево?..
не мора да значи дека сите давале 25центи можеби некој повеќе донирал
Браво за детево 😀 :)))))))))))))))))))))))))))))))
Da bese vo Makedonija, dosega v zatvor ke bese za fiskalna 😀
Vo celava prikazna najbitno e sto ne baral milostina, tuku nacin kako da zaraboti dovolno za da mu pomogne na semejstvoto. Svatete ja poentata.
Dusiceee bas bi sakala i jas da imav tolkava mok za da go spasam i mojot tatickooo :'(